Даниела ни предложи уникатен рецепт за подготовка на домашен сок за растворање од маточина, кој е без конзерванси. Таа за овој рецепт вели: „Маточината е растение кое во летните месеци максимално се користи во домот. Мирисот на лимон кој го има маточината освежува и овозможува да се добие вкусен и освежителен сок со прекрасен вкус. По желба кон маточината може да додадете и неколку гранчиња свежа црвена мента за појак вкус.“
Па затоа, ви предлагаме да го пробате овој рецепт.

Состојки:
- 1 китка маточина (околу 30 гранчиња)
- 2 л вода
- 1 кг шеќер
- 3 кесички лимонтус.
Подготовка:
- Маточината се мие и заедно со се гранчињата се става во тенџере.
- Водата се става во тенџере на оган. Штом водата ќе зоврие тенџерето се трга од оган. Врелата вода се налева врз маточината и се промешува со лажица.
- Тенџерето со маточина се покрива со капак и се остава да стои 12 часа.
- Потоа течноста се процедува и во неа се додава шеќерот и лимонтусот.
- Сокот се меша меша со дрвена лажица додека шеќерот се растопи, а потоа се собира во чисти шишиња.
- Домашниот сок за растворање чувајте го фрижидер. Од наведените состојки ќе добиете 2,5 литри сок за растворање.
Рецептот го испратил: Даниела Џогова.