Домашен и освежителен сок од малини, кој сите го обожаваат! Најдобро е да го направите со свежи малини, а исто така може да користите и замрзнати.
Рецептот за овој вкусен сок од малини ни го испрати Даниела, на која и се заблагодаруваме. Таа вели дека од наведените состојки се добива 2 литри сок за растворање, а циметот може да го додадете по желба, особено доколку малините биле претходно замрзнати. „Циметот најповеќе го ставам да не се почувствува мирис од фрижидерот така да кој не е љубител на цимет не мора да става. Јас дури бев изненадена на спојот од малини и цимет – одличен вкус.“

Состојки:
- 1 кг малини
- 1,5 л ладна вода
- 1 кг шеќер
- 2 ќесички лимонтус
- 2 стапчиња цимет.
Подготовка:
- Малините се ставаат во подлабок сад и се полеваат со водата. Се оставаат во садот за време од 5 – 6 часа, а потоа се процедуваат низ цедалка и низ ситна газа.
- Добиениот сок се става во подлабок сад и се додаваат шеќерот,лимонтусот и циметот.
- Се меша се додека шеќерот се растопи, а потоа се собира во шишиња. Се чува во фрижидер и пожелно е да се искористи во рок од 7 дена. Сокот бидејќи не се вари многу е освежителен и вкусен.
Рецептот го испратил: Даниела Џогова.
Ви предлагаме да прочитате: Малини – овошје полно со витамини и антиоксиданси.