Косата е украс на жената. Без разлика на бојата, волуменот, должината или обликот, косата е незаменлив дел од женската убавина. За да имате сјајна и силна коса, потребна е редовна нега. Домашите маски за коса се ефтини, природни, а најдобро е тоа што имаат ефект.
Маската со желатин ја испробавме повеќе пати, а ефектот е забележителен при првиот третман. Желатинот има позитивни ефекти врз косата:
- го забрзува растот
- ја храни и збогатува со протеини
- ја штити и регенерира
- го подигнува влакното од коренот, со што се постигнува ултра волумен.
Оваа маска за коса со желатин има сличен ефект на ламинација: создава заштитен слој околу влакното по целата должина, со што косата е еластична и полна со сјај.

Состојки:
- 1 лажица желатин
- ½ чаша вода
- 1 мала лажичка јаболков оцет
- 1 мала лажичка мед
Подготовка:
- Желатинот ставете го шолја и измешајте го со водата. Шолјата ставете ја кратко време во микробранова печка за да се раствори желатинот. Доколку немате микробранова печка, желатинот со водата, загрејте ги на ринга.
- Во садот со желатин, додајте ја киселината, медот и измешајте повторно, за да се добие паста.
- Маската нанесете ја на водена коса и оставете да делува 10 до 30 минути. Ако планирате да ја чувате косата подолго време, завиткајте ја во најлонска капа. Потоа, косата измијте ја со шампон.
Ако вашата коса е долга или многу густа може да ги дуплирате состојките. И покрај тоа што има големи ефекти врз косата, маската се препорачува да ја користите еднаш во текот на месецот.