Домашна нега со масло од сусам за нежна и здрава кожа 1

Домашна нега со масло од сусам за нежна и здрава кожа

Убавина и нега на лесен начин! Многу често дома може да успееме да постигнеме баш добар резултат, само треба да знаеме како и секако, да биде постојани во нашата намера. Направивме истражување за позитивното и корисното влијание на домашната нега со масло од сусам за нежна и здрава кожа, а за да биде целосна препораката, имаме предлог за комбинација од сапун со ладно цедено масло од сусам за припрема на кожата, а потоа споделуваме едноставна рутина за нега.

Секој сака здрава и негувана кожа со младешки изглед. А токму ладно цедените масла од семињата се одличен извор на нутриенти, антиоксиданси, витамини, минерали и масни киселини кои имаат неверојатна способност да се грижат за здравјето на кожата, како внесени со исхраната така и кога се користат во природни производи за хигиена и нега на кожата.

Домашна нега со масло од сусам за нежна и здрава кожа 2

Зошто да пробате нега со масло од сусам за нежна и здрава кожа?

Неговите силни антиоксидантни, антивоспалителни и антибактериски својства, се првите 3 силни причини кои укажуваат на помошта од ова масло за кожата. Ова посебно ќе ви значи ако имате нечиста кожа, кожа со акни или сте склони кон нивна појава.

Антиоксидантната способност, преку справувањето со слободните радикали помага за полесно и побрзо заздравување на лузните на кожата и зацелување на клеточните структури.

Антимикробните својства придонесуваат за уништување или спречување на растот и множењето на штетните бактерии, кои доведуваат до проблеми со кожата.

Антивоспалителното својство помага за спречување на воспаленија и за побрзо опоравување на веќе воспалените места. 

Што е она што го прави ладноцеденото масло од сусам одлично за нега на кожата?

Самата природа на сусамовото масло е нутритивна, односно хранлива и навлажнувачка. Не е есенцијално, па не мора да се раствора, туку директно се употребува. Богато со витамините од Б комплексот (посебно Б3), Е и Д, како и со минералите калциум и фосфор, потоа содржи комбинација од масни киселини, од кои посебно треба да се истакне линоленската, која е омега 6 есенцијална масна киселина. Масните киселини во неговиот состав го прават сусамовото масло ефикасно како за навлажнување и потхранување на кожата, така и за смирување на воспалената кожа и кожните иритации и осипи.

Состојките во маслото од сусам имаат голема вискозност, што значи дека можат да пенетрираат длабоко во порите на кожата со што овозможуваат длабинско дејство. Со тоа се овозможува подобар довод на кислород, нутриенти и клетки од имуниот систем, што придонесува за побрза обнова на оштетените клетки или нивна замена и регенерација на самото ткиво на кожата. А, се смета дека помага и за регулација и подобрување на циркулацијата на крвта.

Како да искористите за домашна нега со масло од сусам и сапун со ладно цедено масло од сусам?

  1. Со чисти раце нанесете од сапунот со ладно цедено масло од сусам на кожата на лицето и нежно измасирајте со кружни движења и кон надворешните рабови на лицето. Избегнувајте ги очите.
  2. Исплакнете со млака кон ладна или потполно ладна вода и исушете со тапкање со крпа.
  3. Потоа врз чист памук или тупферче, нанесете малку од ладно цеденото масло од сусам. Распоредете го во тенок слој и нежно измасирајте со врвовите на прстите. Оставете малку да се впие.
Сапун со масло од сусам - Домашна нега со масло од сусам за нежна и здрава кожа

Совети плус:

  • Оваа рутина за нега е најдобро да се применува навечер пред спиење. 
  • За да ги видите првите резултати потребно е применување барем 2 до 4 недели, зависно од типот на кожата.
  • Како проверен сапун со ладно цедено масло од сусам можеме да го препорачаме рачно изработениот сапун на Фила, а истиот може да се купи од поголемите маркети или од нивната онлајн  продавница на овој линк.  Ако ве интересира повеќе за различните сапуни со ладно цедени масла, може да разгледате повеќе на линкот тука. Тие се природни, вегански, рачно изработени сапун со ладно цедено масло, одлични за тонирање и подмладување.
  • Фила е македонска компанија која посветено работи скоро две децении и нивното ладно цедено масло од сусам сме го пробале и користеле, па топло препорачуваме да го пробате и вие. Исто така е достапно во сите поголеми маркети и од нивната онлајн продавница.

Напомена: Содржината е од општ информативен карактер и е базирана на истражувања, но, ако имате алергија на сусам или забележите непожелни промени после употребата, немојте да ги применувате нашите совети и препораки за производи на себе.

Ви препорачуваме да прочитате: Ладно цедено сусамово масло за неутрализација на слободните радикали и нега на сува и чувствителна кожа.

*Текстот е овозможен од Фила.

Сподели: