Кога сакате брзо и лесно јадење кое нема да ви го оптерети желудникот, оваа крем супа од грашок ќе биде идеален избор за вас.
Повеќе од едноставна е за подготвување, прочитајте ги состојките и краткото упатство и ќе знаете дека онашто го пишуваме е така. Дополнителна добра вест е што е посна и може да ја јадат и оние кои постат и сите кои практикуваат вегетаријанска исхрана.

Состојки:
- 2 чешниња лук
- 1 поголема главица кромид
- 750 гр обарен грашок
- 250 мл бујон од зеленчук
- магдонос по потреба
- масло, сол, црн пипер по потреба.
Подготовка:
- Во малку масло издинстајте ги ситно исечканите лук и кромид.
- Потоа, додајте го бујонот од зеленчук и обарениот грашок.
- Оставете така да вари најмалку 5 минути откако ќе зоврие.
- Течноста процедете ја, а грашокот испасирајте го во мазна каша.
- Густата смеса вратете ја во супата, посолете ја по вкус и додајте црн пипер.
- На крај, додајте ситно сечкан магдонос и послужете ја топла. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Крем супа од грашок и компири.