прихрана

Домашна прихрана за цвеќиња од три состојки

Дали ви се случило вашите омилени цвеќиња или зачини да почнат да се сушат? Не очајувајте! Ви претставуваме домашна прихрана за цвеќиња која може да ја направите само од три состојки кои сигурно ги имате во кујната.

Храната е еден од основните предуслови кој треба да им се овозможи на цвеќињата и растенијата за да бидат украсни во вистинска смисла на зборот. Во прво време, по купувањето на растението, земјата во садот содржи доволни количини на хранливи материи, но тие многу брзо се трошат. За да може цвеќето да изгледа цврсто и убаво, како што сте го купиле треба да се прихранува. Растенијата треба редовно се прихрануваат во тек на целиот период на растење. Ова важи за најголемиот број на растенија со цветови и листови. Прихранувањето почнува во март и продолжува во тек на целото лето, па се до почетокот на октомври.

Домашна прихрана за цвеќиња, зачини и други растенија

Потребни ви се:

  • 1 лушпа од банана
  • 1 лушпа од јајца
  • 2 до 3 лажици талог од варено кафе.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги состојките и додајте малку вода. Миксирајте додека се добие хомогена смеса.
  2. Готовата прихрана за цвеќиња ставете ја во саксија. За неколку денови ќе забележите дека цвеќињата се освежени и полни со живот.

Ви предлагаме да прочитате: Одгледување на зеленчук и лековити билки во куќа или стан.

Сподели: