Фантастичната погача која слободно може да се нарече рачна творба од тесто, изработена е од Валентина Цуркан и благодарение на нејзините мајсторски раце имаме можност да видиме нешто поинакво, а што е уште подобро и со нас ги сподели сите детали за изработка.
Пријателската страница trydiani и овој пат ни предлага вкусна храна која е декоративна и уникатна, а ние со задоволство го споделуваме рецептот со вас.
Состојки:
- ¾ чаша млеко
- ¼ чаша јогурт
- 1 лажица сода бикарбона
- 1 коцка квасец (7 гр)
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче мед
- ¼ чаша масло
- 1 јајце
- 3-3 ¼ чаши брашно
- ¼ чаша брашно за размесување
- 2 – 3 лажици путер за мачкање на корите
- 1 жолчка за премачкување.
Појаснување: 1 чаша = 240 мл.
Подготовка:
На тесто:
- Во сад се разматуваат ½ чаша млако млеко, медот и квасецот и се посипува 1 лажичка брашно, по што се остава да надојди за време од околу 10 – 15 минути.
- Јогуртот се промешува со 1 лажица сода бикарбона.
- Брашното (од кое прво се одделува ¼ чаша за мешање) се меша со солта и кон него се додаваат надојдениот квасец, преостанатото млако млеко, јогуртот, јајцата и маслото.
- Можете да месете рачно или пак со помош на алат за тесто и миксер се замесите малку потврдо, но еластично тесто.
- Тестото се става во сад со капак или полиетиленска ќеса и се остава околу 2 часа на собна температура да стасува.
- Потоа внимателно се притиска со рака, за да излезе одвишниот воздух, а потоа тестото се чува во фрижидер. Тестото може да се користи веднаш или да се зачува во фрижидер неколку дена .
- Пред употреба се вади од фрижидерот и остава околу еден час на собна температура.
Начин на изработка на цветната погача:
- Тестото се пренесува врз набрашнета површина и се замесува, по што обликуваат четири топки, кои можат да се остават 10-тина минути, за да се отпушти глутенот и полесно ќе биде да се манипулираат.
- Од секое топче посебно се прави кора со дебелина од околу 3-5 мм, а потоа се мачкаат со малку маслиново масло или стопен путер, при што корите се ставаат една врз друга, а на последната кора не се мачка ништо.
- Формираниот набор од четири кори се дели/сечи радијално од периферијата кон центарот на 8 делови, но не се сече до крај, туку се остава околу 1,5 -2 см во средината.
- На секој од осумте делови се прави отвор со остар нож во средината , а краевите од двете страни повторно се изоставаат, односно не се сечат до крај.
- Добиениот рез малку се раширува.
- Потоа следуваат нишките од триаголници: најширокиот дел – од кај периферијата, се провлекува одоздола кон горе во направениот отвор. Маневрирањето со тестото можете да го измените по ваша желба или пак да си помогнете со притискање со тенко алатче за да ги дооформите рабовите.
- Повторно оставете да стаса околу еден час или додека не се постигне двојно зголемување на обемот.
- Од исечоците од тесто можете да си направите дополнителна декорација.
- Се пече во рерна загреана на 175 степени, а пред тоа погачата се премачкува со изматената жолчка, малку вода и масло.
