домашни бонбони

Домашни бонбони против болка во грлото и настинка

Можеби нема да ви се верува, но домашните бонбони против болка во грлото, настинка и грип се многу поефикасни во споредба со скапите купечки лекарства. Ние ги испробавме и ве уверуваме дека за ден, максимум до два болката во грлото ќе биде минато.

Постојат голем број на рецепти кои може да се најдат на интернет за подготовка на домашни бонбони против болка во грлото. Особено се ефикасни при промена на времето, кога сезоната на настинки и грип е најактуелна. Најчесто за подготовка на бонбоните се користат мед, лимон, ѓумбир, каранфилче, цимет, куркума и други зачини кои се познати по своите антибактериски својства.

Домашни бонбони против болка во грлото, настинка и грип

Еве еден рецепт за домашни бонбони против болка во грлото кои може да ги направите дома за неколку минути. Погледнете го краткото видео, а состојките и начинот на подготовка прочитајте ги во текстот кој следува.

Состојки:

  • 1 чаша шеќер
  • ½ чаша вода
  • 1 лажица свеж сок од лимон
  • 1 лажица мед
  • ½ мала лажичка мелен ѓумбир
  • ½ мала лажичка мелено каранфилче.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, ставете го шеќерот и додајте ја водата. Во тенџерето додајте го сокот од лимони и медот. Измешајте.
  2. Потоа додајте го ѓумбирот и каранфилчето. Измешајте повторно.
  3. Приклучете го шпоретот и мешајте повремено додека смесата зоврие. Потоа, намалете ја температурата на најниско и продолжете со варење околу 15 до 20 минути со повремено мешање. Потоа, тргнете го тенџерето од огнот и оставете го неколку минути да се излади.
  4. Земете тава и обложете ја со хартија за печење. Со помош на лажица земете од смесата и формирајте мали кружни форми. Бидете внимателни затоа што смесата е многу жешка.
  5. Оставете бонбоните да се изладат за време од 20 минути. Потоа, посипете ги со шеќер во прав, одделете ги од хартијата и добро измешајте ги. Ставете ги во метална кутија, обложена со хартија за печење.
  6. Готовите бонбони против болка во грлото може да ги шмукате или да ги ставите во чаша со млака вода. Измешајте и штом бонбоната се растопи, испијте го пијалакот.

Ви предлагаме да прочитате: Ефикасен сируп од мед при настинки и болки во грлото.

Сподели: