Изгледаат многу интересно и знаеме дека се вкусни! Веднаш откако го прочитавме рецептот за овие лепчиња со кикиритки, посакавме да го споделиме и да може сите да уживаме во нив!
Топло препорачуваме да ги пробате. Аромата им е посебна и уникатна, а за рецептот и благодариме на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone.

Состојки:
*за 6 парчиња
- 400 гр брашно
- 20 гр свеж квасец
- 1 лажичка сол
- 100 гр печени солени кикиритки (грубо измелени)
- околу 75 мл масло
- околу 200 мл вода.
Подготовка:
- Квасецот изматете го со половина шолја топла вода и со лажичка шеќер и малку брашно. Поклопете го и оставете го да постои, за квасецот да се активира.
- Во длабок сад измешајте ги солта и брашното, додајте го припремениот квасец, грубо измелените кикиритки и маслото, па со топла вода замесете средно меко тесто. Покријте го со најлонска фолија и оставете го додека нарасне во двојна големина.
- Тестото поделете го на 6 дела. Пресечете го на половина, па секоја од половинките поделете ја на три дела. Потоа обликувајте топчиња од секое делче.
- Лепчињата наредете ги на плех за печење (претходно намрсен или обложен со хартија) и оставете ги уште малку да одморат додека рерната се загрее. Пред печење, со помош на кујнска ножица „исштипкајте ги“ лепчињата и премачкајте ги со малку млеко. По желба посипете со сечкани печени кикири.
- Печете во загреана рерна на 200 степени за време од околу 25-30 минути, додека убаво заруменат.
- Печените лепчиња попрскајте ги со вода и покријте ги со кујнска крпа, па оставете ги така барем 10-тина минути пред да ги служите. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Медитерански лепчиња со сончоглед.