Викендот е совршено време за опуштање и доза на љубов и прегратки. Можете да подготвите и за себе, а уште подобро изненадете го партнерот така што ќе направите домашно ароматично масло за масажа кое може да го користите за да си овозможите пријатно мирисно уживање.
Ова е една неодолива понуда за совршени моменти поминати со вашиот партнер. Масажата помага за ослободување од болката во мускулите, а избраната мирисна арома сигурно ќе придонесе за максимално да се релаксирате. Искористете го ова „љубовно масло“ и иницирајте една прекрасна вечер која долго ќе ја памтите. Веруваме дека пријатно ќе го изненадите партнерот, а за да го надополните амбиентот ви предлагаме да запалите неколку миризливи свеќи и тивка музика.

Состојки:
- 230 мл масло по ваш избор (маслиново, бадемово, масло од авокадо, од јојоба или од семки од грозје)
- 65 – 90 капки органско етерично масло (масло од портокал, мандарина, грејпфрут, камилица, лаванда, жалфија, роза, ванила и слично)
Подготовка:
- Во стаклено шише ставете ги капките етерично масло, а потоа додадете го останатото масло по ваш избор.
- Протресете го добро затвореното шише за да се спојат маслата.
Ви препорачуваме да ја разбудите вашата креативност и да го спакувате шишенцето со некоја убава декорација, да залепете некоја љубовна порака или да го претворите во украсна креација со уникатна посвета.
Ви предлагаме да прочитате: Природен освежувач за простории.