домашно слатко од смокви

Домашно слатко од смокви

Ако нас не запрашате, домашното слатко од смокви е еден од највкусните десерти кои се подготвуваат од овошје. Ценети и обожавани од многумина, нетрпеливо очекувани од деца и возрасни, такви се тие, безгранично задоволство кое со години на назад е третирано и добило епитет за кралско слатко. 

Оние кои правеле слатко од смокви, знаат дека постапката е малку долга и мачна, но вредна да се издржи, а најинтересен факт за нивната подготовка е во народот познатото варење во 9 води, за смоквите да се ослободат од состојките кои не се корисни за организмот. Ви предлагаме да го пробате нашот рецепт, кој сме го пробале многу пати и секој пат домашното слатко од смокви излегува фантастично вкусно. Дозата е мала, па доколку сакате повеќе, слободно зголемете ја.

домашно слатко од смокви

Состојки:

  • 1 кг смокви
  • 1 лимон.

За шербет:

  • 3 кг шеќер
  • 750 мл вода.

Подготовка:

  1. Смоквите најпрво се мијат и им се сечат дршките, а потоа се боцкаат со остар предмет на неколку места за да може шербетот подобро да навлезе.
  2. Така припремени се ставаат да се варат во вода, при што откако водата ќе зоврие се цеди и се става нова. Постапката се повторува 9 пати, односно водата се менува 9 пати.
  3. Потоа, се цедат во поголема цедалка, а во меѓувреме се подготвува шербетот.
  4. Во длабок сад на оган се става шеќерот и водата. Шербетот е готов кога по одредено време се забележува дека се формирала густа содржина.
  5. Кога шербетот е доволно густ, се додаваат претходно исцедените смокви и заедно се варат уште 1 час.
  6. Непосредно пред крајот се додава 1 лимон, сечкан на кришки.
  7. Топлото слатко од смокви се собира во тегли, а штом се излади може да сервирате симпатичен и вкусен десерт на вашите мили и гости.

Пријатен апетит!

Ви предлагаме да прочитате: Џем од смокви.

Сподели: