Колку пати ви се случило да влезете дома со нечисти чевли за да земете нешто, само на секунда, надевајќи се дека нема да оставите траги на вашиот омилен килим или тепих? Дали често ви се случува да прекриете некоја дамка на тепихот со парче мебел само за да не мора да ја чистите во моментот? Нe грижете се, не сте единствените и на сите ни се случува тоа понекогаш. Поради тие причини теписите стануваат едни од највалканите предмети во домовите, па затоа е многу важно редовно да се чистат. За таа цел ви претставуваме супер идеја за домашно средство за отстранување на дамки од теписи и килими.
Како да направите домашно средство за отстранување на дамки од теписи и килими?
Најчесто летото е резервирано за перење на теписи и тоа од многу практична причина. Топлите летни денови се совршени за нивно сушење, па тие нема да впијат влага и нема да имаат непријатен мирис. А, за оние потврдокорните дамки и флеки ви предлагаме да го испробате овој природен и мошне ефикасен начин на кој успешно ќе ги елиминирате сите нечистотии и тоа без перење.

Потребни состојки:
- алкохолна киселина
- вода
Начин на подготовка и употреба:
- Во еден сад измешајте алкохолна киселина и вода во сооднос 1:3.
- Во вака подготвениот раствор потопете памучна крпа и со неа истријте ја дамката на тепихот.
- Потоа, крпата ставете ја врз дамката и со добро загреана пегла преминете преку неа неколку пати. Вака подготвениот раствор од киселина и вода има моќ да ги впива нечистотиите, па на овој начин несаканите дамки целосно ќе исчезнат.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 домашни средства за чистење теписи.