Хигиената и чистиот дом се половина здравје! Во текот на годината, на теписите може да се насоберат голем број нечистотии и бактерии, па доколку сакате темелно да ги исчистите, отстранувајќи ја целосно нечистотијата, дамките и непријатните мириси, ви предлагаме да направите домашни природни средства за чистење теписи кои со сигурност може да ви помогнат во вашата цел.
Често се случува да се направат флеки на теписите кои многу тешко можат да се извадат. Секоја жена сака домот да и биде среден и чист, не дозволувајќи да се падне прашинка или да се исфлека некоја површина. Понекогаш се случува нешто да носите во раце, да падне, да се скрши и да направи огромна флека на тепихот. Но, наместо да се грижите за дамките, веднаш направете средство за чистење теписи, за кое нема да изгубите многу време и да потрошите многу пари.

Направете паста од боракс
Во мал сад измешајте боракс и додајте вода. Мешајте за да добиете паста. Пастата нанесете ја на дамките и оставете ја да се исуши, а потоа поминете над дамката со правосмукалка.
Доколку дамките се потврдокорни…
Доколку дамките се потврдокорни во еден сад ставете ¼ чаша сол, ¼ чаша боракс и ¼ чаша киселина. Измешајте ги состојките и пастата нанесете ја над дамката, во внатрешноста на влакната на тепихот. Оставете смесата да се исуши, а потоа поминете над дамката со правосмукалка.
Средство за чистење теписи со сода бикарбона
Доколку немате боракс, сигурно во вашата кујна се наоѓа сода бикарбона. Во еден сад измешајте 1 лажица сода бикарбона, 70 мл бела киселина, 300 мл врела вода и 1 лажица детергент за перење алишта. Потопете ја четката за перење теписи во нив и потоа исчистете ги оние делови каде што има дамки. Имајте на ум дека сите состојки во смесата се природни, па тие нема да направат пена и токму затоа откако ќе завршите потребно е добро да ги исчистите овие делови со чиста вода и откако ќе се исушат да ги поминете со правосмукалка.