средство за отстранување на шминка

Домашно средство за отстранување на шминка

Чистењето на лицето пред спиење и отстранувањето на шминката е најважниот дел од негата за лице. Сепак козметичките средства кои се нудат во маркетите не се секогаш најдобра опција, затоа што содржат состојки кои може да ја иритираат вашата кожа.

Ако не можете да пронајдете соодветно козметичко средство за отстранување на шминка кое целосно ќе и одговара на вашата кожа на лицето, ви предлагаме да направите домашно средство за отстранување на шминката и чистење на лицето со кокосово масло, кое во меѓувреме ќе ви ги заштеди вашите пари, кое е подеднакво ефикасно како и купечките средства. Кокосовото масло е мошне корисно, поради што често се наоѓа во составот на многу козметички производи за нега. Тоа ја храни кожата, ја прави мека, поеластична и спречува создавање на брчки и пеги. Доколку се сомневате, погледнете го видеото и уверете се во одличните резултати.

Потребни ви се:

  • 1 чаша вода
  • 1 лажица бебешки шампон
  • 1 лажица кокосово масло (во замена може да користите маслиново масло)
  • памучни дискови
  • стаклена тегла

Подготовка:

  1. Во стаклен или пластичен сад ставете ја водата и додајте ги бебешкиот шампон и кокосовото масло. Добро измешајте ги состојките и ставете ги во микробранова печка неколку секунди додека се растопи маслото.
  2. Во стаклена тегла ставете неколку памучните дискови и налејте 1/3 од смесата со вода и кокосово масло. Потоа додајте уште памучни дискови и налејте од смесата. Повторете ја постапката додека ги потрошите сите памучни дискови. Теглата затворете ја со капак, свртете ја надолу и оставете ја за време од 5 минути додека течноста добро се распореди помеѓу дисковите.
  3. По желба теглата со припременото домашно средство за отстранување на шминка, декорирајте ја и чувајте ја со останатите козметички средства.

Сподели: