Марија од нашиот тим е експерт за суши! Толку добро ги приготвува, што мораше да ги фотографира и да го сподели нејзиниот омилен рецепт за домашно суши со сите нас. Ако ја следите на Инстаграм, сигурно сте виделе различни суши, како змеј – dragon roll, california roll… А сега ве повикуваме да го испробате рецептот и да направите незаборавна јапонска трпеза во својот дом, подобра и од ресторан! Како ви се допаѓа идејата?
„Често правам суши, најмалку 3-4 пати во месецот. Најмногу ги обожаваме со внука ми, па речиси секој викенд мора да имаме суши. Ги имам правено во различни варијанти, а сега го споделувам рецептот кој ни е еден од омилените. Новите производи од Витаминка – соја сос и срирача ме инспирираа да го направам повторно и фотографирам. Се надевам дека ќе ве освои, па ако сте љубител на риба, задолжително пробајте го рецептот. И што е важно, секогаш послужувајте го со соја сос.“ – вели Марија.

Состојки:
- 2 листови алги нори
- 1 чаша ориз
- ½ до 1 мала лажичка јаболков оцет (или оцет од ориз)
- ½ авокадо
- ¼ краставица
- 1 варен морков
- 50 г чаден лосос или туна, рибини прсти, сурими стапчиња, пржени ракчиња…
- соја сос од Витаминка.
За срирача сос:
- ½ чаша Витанез
- 1 до 1 ½ лажица срирача сос од Витаминка
- 1 лажица свежо цеден сок од лимон по желба
- ½ мала лажичка лук во прав
- морска сол од Витаминка.
Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете 2 чаши вода да се варат. Во зовиената вода додајте го оризот и варете го 10-тина минути на средна температура. Потоа исклучете го шпоретот, а тенџерето затворете го со капак и оставете го оризот уште 5-10 минути за да ја апсорбира течноста. Тенџерето тргнете го од ринглата и оставете го оризот да се излади.
- Во меѓувреме направете го срирача – мајо сосот. Во мал сад ставете ги сите состојки за сосот и измешајте ги.
- Изладениот ориз ставете го во сад и додајте го оцетот. Измешајте.
- Авокадото излупете го и исечете го на тенки ленти. Морковото и краставицата исечете ги на тенки ленти.
- Подлогата од бамбус обложете ја со најлонска фолија или ставете ја во тенка најлонска ќеса.
- Врз подлогата ставете ја алгата, при што сјајна страна треба да биде од долната страна.
- Врз неа со навлажнети раце распоредете го оризот, така што треба да оставите 1 см од едниот крај без ориз.
- Врз оризот, на околу 2-3 см од почетокот на алгата ставете ленти лосос, краставица, морков и авокадо. Со помош на подлогата свитајте го сушито како ролат.
- Со остар нож пресечете го сушито на половина. Потоа секој дел пресечете го на половина и повторно пресечете. Треба да добиете 8 парчиња суши. По желба врз сушито ставете срирача – мајо сос. Готовото суши послужете го со срирача-мајо сос и соја сос од Витаминка. Уживајте во светот на вкусовите!

Совети плус:
- „Срирача – мајо сосот ставете го во тегла и чувајте го во фрижидер. Има фантастично добар пикантен вкус, а може да го искористите во рок од 7 денови. Освен за суши може да го искористите и за помфрит, печени компири, похувано месо, сендвичи и други јадења. Ако не обожавате многу лути јадења, намалете ја количината срирача во сосот.
- Те мотивирав да приготвиш суши или срирача – мајо сос во својот дом? Имаш прашања околу состојките или подготовката? – Пиши ми на Facebook или Instagram – @kocovska.marija. Разгледај ги и моите профили и пронајди ја твојата инспирација за подготовка на вкусно јадење или десерт.
- А штом го направиш сушито и си задоволен од твојот резултат, испрати ми ги фотографиите или означи ме на твојата објава. Со задоволство ќе ги споделам на стори. И најважно од сѐ – готви со љубов, кулинарски истражувај, дегустирај и сподели ги со најблиските.“ – додава Марија.

Автор на рецепот и фотографиите: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви предлагаме да прочитате: Медитерански посни брускети со домати.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.