фрапе од банана 1

Домашно фрапе од банана

Бананите се одлично овошје кое овозможува вкусно уживање и го снабдува организмот со енергија. Имаат прекрасен мирис и структура која лесно се вклопува во разни рецепти, а посебно во течните десерти и густи пијалаци. Ги пробавме и во вид на фрапе од банана и одлично се покажаа, па препорачуваме да го пробате!

Овој напиток ќе ви овозможи ден полн со енергија, ќе ве освежи и ќе ве одржи заситени и „бистри“, концентрирани за задачите во денот. Може да си го приготвите дома и да го понесете со себе или пак да ја искористите кратката кафе пауза за нешто екстра вкусно и корисно. За дома или за на работа, секогаш оди одлично со друштво. Поканете пријател и уживајте заедно во вкусното фрапе од банана

фрапе од банана 2

Состојки:

  • 1/ 2 чаша пире од банана или 1 поголема зрела банана
  • 200 мл млеко со 3.2 % млечна маст
  • малку сварено црно кафе по вкус
  • за засладување додајте по вкус (кафеав шеќер, мед, јаворов сируп или стевиа)
  • цимет по вкус.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете го пирето од банана(или сечканата банана) и додајте го млекото. Може да биде топло, а ние препорачуваме да го направите ладно, затоа што така повеќе ќе ве освежи.
  2. Засладете го по вкус, зависно од желбата и начинот на исхрана може да изберете да ставите кафеав шеќер, мед, јаворов сируп или стевиа. Додајте прстофат цимет и кратко блендирајте.
  3. Смесата турете ја во висока чаша и дополнете со црно кафе во количина и јачина по желба. Во овој чекор не треба да мешате, туку само да го турите кафето.
  4. На крај, декорирајте по желба и послужете се одделно или со вашите омилени колачи. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Зелено смуди од киви и кокосово млеко за енергија преку целиот ден.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: