Пролетта е убава, но исто така е и период од годината кога голем број од нас ги измачуваат сезонските алергии. Со ослободувањето на поленот од растенијата, милиони луѓе почнуваат да киваат, што е еден од првите и најчести симптоми. Бидејќи сите сме со различни потреби и карактеристики не можеме да ви дадеме посебен лек кој ќе ви помогне, но затоа пак, можеме да ве посоветуваме да преземете неколку чекори за да ги намалите и да си ги олесните симптомите. Побаравме помош од Д-р Нела Деспотовска, па во продолжение споделуваме неколку корисни совети и препораки за како да се справите со пролетните алергии.
Овој период од годината обично е придружен со раст на разни растенија. Природата се разбудува, а многумина се подготвуваат да се борат со истиот проблем кој им се повторува секоја година. Чешањето на очите и кивањето се првите и најчести знаци, па ако ви се појавуваат често, несомнено е дека овој текст ќе ви користи. Постојат повеќе начини со кои може да се намали влијанието на сезонските алергии.

Кои се причините за појава на алергии?
Како и за која било друга состојба, така и за алергијата потребно е да се идентификуваат причините за нејзино појавување. Најчести причинители одговорни за појава на алергиите се прашината и поленот. Од младите дрвја и цвеќињата се ослободува полен во воздухот, што доведува до течење на носот и чешање на очите кај многумина од нас. Покрај тоа, симптомите на пролетна алергија може да предизвикаат кашлање, кивање и гребење на грлото, а потенцијално, проблемот може да трае и во текот на летото.
Друг фактор за појава на алергија е наследниот фактор. Постојат истражувања кои покажуваат дека луѓето кои имале барем еден родител кој страдал од алергии, имаат поголеми шанси да бидат алергични.
Што се случува во организмот при појава на алергија?
Имунолошкиот систем ослободува антитела кои ги напаѓаат алергените. Тоа доведува до ослободување на хемикалии наречени хистамини во крвта. Хистамините предизвикуваат течење на носот, чешање на очите и други симптоми кои се често застапени ако сте чувствителни на алергии.
Кои се симптомите на пролетна алергија?
- течење на носот
- насолзени очи
- кивање
- кашлање
- чешање на очите и носот
- темни кругови под очите.
Превенција и третман на пролетни алергии
Превенцијата е прв чекор кон справување со пролетните алергии. Потрудете се подолго да останете во затворени простории, особено кога надвор има ветер. Чувајте ги вратите и прозорците претежно затворени во текот на пролетните месеци за да ги задржите алергените надвор.
Исто така, ако добро сте информирани, со помош на додатоците во исхраната може да си ги олесните симптомите. Како посебно корисен и лесно достапен кај нас ви го препорачуваме: Beta-1,3/1,6-D-Glucan. Бета глуканите се примаат орално во вид на капсули. Тие имаат помалку несакани ефекти од имунотерапиите. Дејствуваат по природен пат и се поефективни. Освен што ги намалуваа алергиите, NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan се препорачува затоа што:
- го поддржува имунолошкиот систем и нормалната активност на имуните клетки
- го јакне имунитетот
- помага при поленска треска
- ги намалува афтите
- штити од настинки и грип
- ги олеснува респораторните инфекции
- помага при алергиски ринитис.

За да го нарачате NOW Beta-1,3 / 1,6-D-Glucan посетете ја онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна. Исто, може да го купите и од сите подобро снабдени аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Совет плус: Без разлика дали симптомите се предизвикани од полен или не, најдобро е прво да консултирате со вашиот лекар. Понекогаш, сезонските алергии можат да ги имаат истите симптоми кои се поклопуваат и со други медицински состојби.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 решенија против синуситис – воспаление на синусите.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан текст.