Помогнете си при интолеранција на глутен 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Помогнете си при интолеранција на глутен

Ви се здосади да не можете да уживате во некој оброк поради стравот од непријатности кои се јавуваат потоа? – Свесни сме дека појавата на интолеранција на глутен е многу чест проблем во денешно време, а бидејќи и личнo ние познаваме многу лица од нашата околина кои го имаат овој проблем, се ангажиравме и поистражувавме за да помогнеме со предлог препораки. Голема благодарност до Д-р Нела Деспотовска која секогаш е тука да ги поддржи и поткрепи нашите сознанија.

Сензитивноста на глутен е чест проблем за голем број од светската популација. Се карактеризира со несакани реакции кои се ефекти од консумацијата на глутенот. Постојат три форми на реакции и тоа: алергија, интолеранција на глутен и целијачна болест. Алергијата на глутен лесно се забележува, бидејќи симптомите се јавуваат веднаш по оброкот, а кај интолеранцијата подоцна (половина час до час) од оброкот. Најтешка форма е целијачната болест, а подолу ќе објасниме и дополнително.

Помогнете си при интолеранција на глутен 2

„Безбедни“ намирници кои не содржат глутен се киноата, просото, амарантот, леќата. Од друга страна, се производите во кои се содржи глутенот. Тоа се житариците и житните производи, а глутенот е состојката која му дава еластичност на тестото и го поврзува и го прави пријатно за јадење. Глутен е термин за група на протеини (глутенин и глијадин), а намирниците во кои е присутен се:

  • пченица
  • јачмен
  • ‘рж
  • грахам брашно
  • кускус
  • спелта
  • булгур
  • гриз.

Поради неможноста на организмот да го разложи глутенот, тој може да предизвика бројни проблеми, не само на дигестивниот систем, туку и на целото тело. Покрај тоа, може да доведе до намалена апсорпција на други хранливи материи. Целијакијата е автоимуна болест која може да предизвика оштетување на дигестивниот систем и е доста сериозна. Интолеранцијата на глутен е на некој начин „полесна“ форма на проблемот. А, и двата вида на сензитивност, се карактеризираат со широк спектар на симптоми.

А освен преку храната, проблемите може да ги почувствувате и на друг начин. Ако детално не сте истражувале како и ние, ви звучи чудно, но освен во храната, глутенот е присутен и во козметичките производи. Во случај да имате сериозен проблем, внимавајте и при нивниот избор.

Еве кои се главните и најчести знаци и симптоми на сензитивност на организмот на глутен:

  • Чувството на потечен стомак после оброк со глутен е сигурен знак дека сте интолерантни на овој протеин.
  • Надуеноста е најчестиот симптом кај лицата со нецелијачна интолеранција на глутен.
  • Болките во пределот на абдоменот се уште еден знак на сензитивност на глутен.

Дијареја и констипација

Повремената дијареја или констипација е нормална појава. Но, ако се јавуваат многу често, може да биде причина за грижа. Кај лицата со целијакија, после глутенски оброк се забележува воспаление во цревата. Ова доведува до слаба апсорпција на нутриенти и предизвикува непријатности како дијареја и констипација.

Замор после оброк и недостаток на железо

Ако чувствувате замор после секоја храна со глутен, знак е дека кај вас постои интолеранција на овој протеин. Интолеранцијата може да предизвика недостаток на железо, што го зголемува заморот. Анемијата поради недостаток на железо е уште еден симптом. Тоа е така бидејќи е намалена апсорпцијата на нутриенти, меѓу кои и на железото. Целијакијата може да предизвика слаба апсорпција на железото од храната и негов недостаток во организмот.

Кожни проблеми

Целијачната болест може да се забележи и преку промени на кожата. Дерматитис, псоријаза, алопеција и уртикарија се кожни болести кои може да бидат знак за интолеранција на глутен.

Депресија и анксиозност

Лицата со дигестивни проблеми се посклони кон развој на депресија и анксиозност. Ова вклучува чувство на вина, нервоза, немир, вознемиреност и панични напади.

Необјасниво губење на тежина

Необјаснивото губење на телесна маса секогаш е причина за грижа. Наглото слабеење претставува чест симптом на целијакија. Ваквото намалување на килограмите се објаснува преку разни дигестивни проблеми и слаба апсорпција на хранливи материи.

Други симптоми се:

  • гасови
  • грчеви во стомакот
  • главоболка и мигрена
  • летаргија (слабост)
  • мозочна магла
  • болки во мускулите и зглобовите
  • вкочанетост на екстремитетите.

Како да си помогнете при интолеранција на глутен?

За надминување на симптомите и полесно справување со сензитивноста на глутен, може да направите повеќе нешта:

Практикувајте безглутенска исхрана

Најпрво, префрлете се на храна која не содржи глутен. Иако изборот на намирници без глутен е многу помал, сепак ги има. Вашите оброци подготвувајте ги дома. Така секогаш ќе бидете сигурни дека она што го јадете не содржи глутен. Она што не смеете да консумирате се најголем дел од житните растенија.

Едуцирајте се што смеете да јадете без проблем

Во исхраната слободно може да имате овошје и зеленчук, месо, јајца, риба, млеко. За подготовка на тестенини, леб и печива користете оризово, кокосово, бадемово, овесно, брашно од леблебија, од киноа или од чиа семе. Сол, црн пипер, оригано, лук, рузмарин, магдонос – се зачини кои може слободно да ги ставате во јадењата.

Додатоци на исхраната

Со помош на Gluten Digest како додаток во исхраната, веќе не мора постојано да се грижите дали она што го јадете содржи глутен и да внимавате на исхраната. Земете 1 капсула дневно, пред јадење и слободно уживајте во оброкот. Gluten Digest, со BioCore® DPP IV, е сеопфатна ензимска мешавина формулирана за поддршка на комплетната дигестија на глутенот и житните зрна. Gluten Digest исто така вклучува протеази и амилази кои делуваат на други протеини и јагленохидратни компоненти кои обично се присутни заедно во овие намирници.

Now Foods BioCore® DPP IV е создаден за да обезбеди дигестивна поддршка за лица кои имаат потешкотии при варење на храна што содржи глутен, како резултат на недостаток на цревните ензими одговорни за конечно разложување на глутенските пептиди. Тој е стандардизиран, 100% природен додаток за да обезбеди активност на DPP IV во дигестивниот тракт. DPP IV претставува дипептидил пептидаза IV, кој има улога во одредена активна фаза на варење на храната за време на која се распаѓаат овие пептиди што ги прави безопасни.

NOW Gluten Digest е ефикасен додаток кој може да помогне при симптоми на гасови, нетолеранција на глутен, нетолеранција на лактоза, надуеност, дијареја и запек. Се тврди дека ги подобрува симптомите кои се однесуваат на неправилно варење на храната.

Нарачајте Gluten Digest со попуст од 50% преку онлајн продавницата на Тримекс. Попустот важи само за онлајн нарачки, а доставата е бесплатна. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 факти кои е добро да ги знаете за здрав дигестивен систем.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: