Заштитете се и подобрете го здравјето! – Продолжете со читање и дознајте што може да ви помогне при настинка, бронхитис и други акутни респираторни заболувања. Имајќи во предвид дека настинките, грипот и корона вирусот полесно се шират во ладните денови, поразговараме со Д-р Нела Деспотовска на оваа тема. Еве ги препораките:
Што е акутна респираторна инфекција?
Акутните респираторни заболувања се инфекции кои го нарушуваат нормалното дишење. Може да бидат инфекции на горниот респираторен систем кој започнува од синусите и завршува до гласните жици, или долно респираторни инфекции кои започнуваат од гласните жици и завршуваат во белите дробови.

При појава на респираторни инфекции повеќе внимание треба да се посвети кај децата, повозрасните лица, како и кај лицата кои имаат нарушувања на имуниот систем.
Кои симптоми укажуваат на акутна респираторна инфекција?
Симптомите кои се појавуваат се различни, а тоа зависи дали станува збор за долна или горна респираторна инфекција. Најчестите се:
- затнат и растечен нос
- кашлица
- суво и болно грло
- треска
- замор.
Доколку имате висока температура, потешкотии со дишењето, вртоглавици или чувствувате дека губите свест, задолжително обратете се кај вашиот матичен лекар.
Кои се причините за појава на акутна респираторна инфекција?
Постојат повеќе причинители кои може да доведат до акутна респораторна инфекција. Причини за горна респираторна инфекција се:
- акутен фарингит
- акутна инфекција на ушите
- настинка.
Причини за долна респраторна инфекција се:
- бронхитис
- пнеумониа
- бронхиолитис.
Како се третираат акутните респираторни инфекции?
Ако станува збор за вирусно заболување, не постојат голем број на лекови кои може да помогнат. Вашиот лекар може да ви препише лекови и додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат за ублажување на симптомите. Ако е во прашање бактериска инфекција, во тој случај наверојатно ќе добиете и антибиотици.
N-Acetyl Cysteine е додаток во исхраната кој се препорачува при респиратори инфекции
Кога станува збор за додатоците во исхраната кои може да помогнат при респираторни заболувања би го споменале NAC. NAC (N-Acetyl Cysteine) е ацетилиран облик на аминокиселината цистеин. Најголемата и најважна улога на N-Acetyl Cysteine е борбата против респираторните инфекции. Имајќи предвид дека благотворно делува на респораторниот тракт, како додаток се препорачува при:
- третирање на синуситис
- воспаление на ушите
- вирусни инфекции
- хроничен бронхитис и бронхијана астма
- хронични белодробни болести.
Ја елиминира слузта од респираторните органи, што е особено значајно при бронхитис, затоа што на тој начин се намалува кашлањето. Пушачите се група која најчесто страда од хроничен бронхитис, па нив особено им се препорачува употреба на NAC како додаток на исхраната. Пушачите може да имаат голема корист од овој антиоксиданс затоа што покрај другото, ги елиминира бактериите во белите дробови. Недостатокот на овој облик на аминокиселина е најчеста причина за појава на хронични белодробни болести.
Ацетилцистеинот има секретолитичко дејство кое предизвикува разводнување на густиот бронхијален секрет и олеснето поминување низ бронхиите и трахеата, и на тој начин ја зголемува ефикасноста на искашлувањето и го подобрува дишењето.

Имате прашања? – Повеќе информации за NAC може да прочитате на веб страницата на Тримекс од каде што може да го нарачате со бесплатна достава, а достапен е и во повеќето аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс и Д-р Нела Деспотовска на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Kако да се заштитиме од грипот во зимскиот период?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.