Со болки во колената не се соочуваат само повозрасните лица, туку сѐ почесто се јавуваат и кај помладата популација. Претходно поразговараме со Д-р Нела Деспотовска за причините, симптомите и третманот при болки во колената. А во оваа прилика ве запознаваме подетално со природните третмани за намалување на болките во колената, како што се исхраната, физичката активност и други корисни совети кои Д-р Нела Деспотовска ги сподели со нас.
Кои природни третмани може да ги препорачате за нашите читатели како помош за намалување на болките во колената, но и би ги спречиле во идниот период?
Болките во колената се појавуваат како резултат на повеќе причини меѓу кои:
- повреди
- хируршки интервенции
- недостаток на витамини
- артритис на зглобовите
- лоша исхрана и слично.
За да се намалат потребно е да се посвети внимание на исхраната, вежбите и практикување на добри навики.

Започнете со антивоспалителна исхрана
Консумирањето на намирници кои се богати со хранливи материи е значајно за здравјето на зглобовите од неколку причини: може да ви помогнат за одржување на здрава телесна тежина (која ќе го намали притисокот на зглобовите), го намалуваат воспалението, овозможуваат полесно закрепнување и намалување на шансите за развој на артритис или остеопороза. Во продолжение подетално ќе споменеме за намирниците кои се препорачуваат за лицата кои страдаат од болки во колената.
Консумирајте многу овошје и зеленчук кои се богати со витамин Ц
Во исхраната вклучете ги намирниците кои се богати со витамин Ц, сулфур и антиоксиданси, како зелен лиснат зеленчук, моркови, пиперки, бобинкасто овошје, кромид, брокула, лук, аспарагус и зелка. Портокалите, лимоните и грејпфрутот се богат извор на витамин Ц. А, доколку вашиот доктор ви препорача суплементација со витамин Ц, препорачуваме да набавите AlphaSorb-C од NOW Foods. Станува збор за супериорна киселинска форма на витамин Ц и има до 4 пати поголема апсорпција од обичниот витамин Ц, што е многу значајно во процесот на оздравување.
Може да ве интересира: Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.
Не заборавајте на рибата и омега-3 масните киселини
Покрај витаминот Ц, важни се и омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во состав на рибите, како што е лососот. Од додатоците во исхраната кои се достапни кај нас можеме да ги препорачаме Омега-3 од Now Foods. Станува збор за концентрат од природно рибино масло на NOW кој е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Капсулите може да се најдат во поголемите аптеки низ Македонија или да се порачаат преку онлајн продавницата на Trimeks. Исто, вклучете протеини од месо кое е добиено со слободно одгледување на стоката, риба како сардина и скуша, ферментирани млечни производи и јајца.
Здравите масти се сојузници на колената
Во исхраната треба да бидат застапени здравите масти од кокосовото масло, маслиновото масло, авокадото, семките и јаткасти протеини.
Зголемете го внесот на магнезиум
Магнезиумот може да ги релаксира мускулите и нервите, да ја отстрани вкочанетоста и да ја намали болката. Затоа јадете храна која е богата со магнезиум. Добар природен извор на магнезиум се лиснатиот зеленчук, оревите и гравот. Како додаток на исхрана, го препорачуваме Magnesium Citrate на Now Foods. Може да го купите или повеќе да прочитате тука, да се информирате во поголемите аптеките или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.
Кога сме кај исхраната, кои антивоспалителни суплементи се препорачуваат при болки во колената?
Одредени билки и суплементи може да ви помогнат за намалување на воспалението и да го олеснат закрепнувањето од повреди или други дегенеративни болести. Некои од најдобрите суплементи при болки во колената се: Serrazimes, куркума, глукозамин, колаген и погоре споменатите AlphaSorb-C, Magnesium Citrate и Омега-3 масни киселини.
Serrazimes за намалување на болките и отоците на колената
Serrazimes е протеолитички ензим со силно антинфламаторно и антиедематозно дејство. Тој има значајна улога во намалувањето на болката, благодарение на својата способност да го блокира ослободувањето на амините кои предизвикуваат болка во инфламаторното ткиво. Претставува природна алтернатива за нестероидните антиинфламаторни лекови без несакани ефекти. Повеќе информации за Serrazimes, прочитајте на линкот.

Serrazimes® е протеолитичка мешавина составена од ензими добиени од печурки, Aspergillus oryzae и Aspergillus melleus. Serrazimes капсулите можат да бидат од корист за:
- Лица кои боледуваат од инфламаторни пореметувања пратени со отоци и болка.
- Постари особи кои имаат воспаление, болни зглобови и артритис
- Лица кои патат од чести воспаленија на синусите, увото и носот
- Спортисти после повреди.
За повеќе информации за полезностите и начинот на употреба посетете ја Trimeks.com.mk или јавете се на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h.
Редовна физичка активност и доволно време за закрепнување
Слабоста во мускулите и вкочанетоста се два од главните проблеми кои се поврзани со повреди на колената. Затоа, вежбите се важни за одржување на здравјето на колената, како и зајакнување на мускулите. Покрај тоа, штом се јави болка во коленото потребен е одмор од вежбање во период од неколку денови до неколку недели за да може воспалението да се намали. По намалување на болките се препорачуваат следните физички активности:
- пливање
- аеробик во вода
- брзо одење
- вежбање на елиптични справи
- возење велосипед
- јога.
Од друга страна, следните активности може да имаат негативен ефект врз колената и треба да се избегнуваат:
- трчање
- скокање
- скијање
- интензивно возење велосипед
- активности кои вклучуваат повторувачки движења со нозете.
Физикална терапија
Ако се соочувате со слабост или пак ја имате изгубено флексибилноста на колената, имате ограничување во движењето, добра идеја е да посетите физијатар или тренер кој ќе ви помогне во зголемување на кондицијата и надминување на проблемот.
Носете добри обувки, ортопедски влошки или помага за колено
Генерално лицата кои се соочуваат со болки во колената треба да избегнуваат носење на сандали, апостолки, бродски (рамни) чевли, високи потпетици и неанатомски чизми. Овие типови на обувки не обезбедуваат поддршка на телото, а со тоа да ги зајакнат болките во половината, колената и колковите.
Се надеваме дека овие совети ќе ви бидат од голема корист и ќе ви помогнат за побрзо закрепнување и превенирање на болките во колената.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: болки во коленото – причини и третман.
*Спонзориран текст.