Д-р Нела советува: што е остеопороза и како да се заштитите?

Во светски рамки остеопорозата зазема се поголем замав. Доколку не се дијагностицира на време и не се започне со третман на пациентот, таа може сериозно да го наруши квалитетот на живот и при најмал пад да доведе до скршеници кои предизвикуваат инвалидитет. Од оваа болест почесто страдаат повозрасните жени, но исто така се јавува и кај мажите. Истражувањата покажуваат дека 1 од 5 жени, над 50-годишна возраст имаат остеопороза. Токму на оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовка.

Што претставува остеопорозата?

Остеопорозата претставува состојба во која постои зголемена разградба на коскеното ткиво, со што тоа станува порозно, коските се меки и кршливи. Како резултат на тоа веројатноста од појава на скршеници е многу голема, иако ударот или падот бил лесен. Иако недоволно и се посветува внимание, таа е многу честа болест на коските. Половина од жените над 50 години, со нетретирана остеопороза имаат ризик од фрактура, особено на колкот или коските на рбетот. Сведоци сме дека кај постарите лица често се јавуваат скршеници на колк, кои тешко заздравуваат и за кои најчесто е потребна хирушка интервенција. Овие скршеници кои настанале како резултат на присуството на остеопороза предизвикуваат неспособност на пациентот за извршување на основните дневни активности.

Кои се симптомите при остеопороза?

Лицата не може сами да ја откријат оваа болест, затоа што симптомите во првата фаза не се изразени. Симптомите се јавуваат подоцна и вклучуваат:

  • болки во коските или осетливост
  • лесни скршеници со мала или без никаква траума
  • губење на телесната висина со текот на времето
  • болки во вратот и во долниот дел на рбетот
  • неправилно држење на телото и појава на грпка.
д-р нела советува: што е остеопороза

Кои се причините и ризик факторите за појава на остеопороза?

Главните причини за појава на остеопороза се недостаток на естроген кај жените во време на менопауза и тестостерон кај мажите. Жените над 50 години и мажите над 70 години имаат зголемен ризик од остеопороза. Повторно ќе напоменам дека навременото откривање на болеста е многу важно, за да може да се превенираат последиците – препорачува Д-р Нела. Лицата кои се повозрасни од 35 години и имаат најмалку два од долу наведените ризик фактори, најдобро е да се консултираат со стручно лице – специјалист од оваа област.

Ризик фактори за појава на остеопороза се:

  • отсуство на менструација подолг временски период или менопауза
  • семејна историја на остеопороза
  • недоволен калциум во исхраната
  • недостаток на витамин Д
  • ниска телесна тежина
  • лоши навики: употреба на цигари и алкохол
  • хронична употреба на кортикостероиди
  • седечки начин на живот.

Како да превенираме појава на оваа болест и како да ја третираме доколку веќе се појавила?

Постојат неколку терапии за остеопорозата, а всушност истите можат да се користат и за превенција од појава на болеста:

Калциумот е клучен минерал за здравјето на коските

Внесот на калциум во исхраната е од голема важност во борбата со остеопорозата. Затоа скоро задолжително, при третман на остеопороза се препишуваат и суплементи на калциум. Но, вистинскиот проблем кај остеопорозата не е недостатокот на внес на калциум, туку неговото неправилно искористување и трошење. Затоа при изборот на суплементи треба да се посвети внимание на составот. Калциум цитратот е веднаш сварлива и апсорблива форма на калциум, минерал кој е неопходен за одржување на здравјето на коските. Во неговиот состав содржи и витамин Д, магнезиум, цинк, бакар и манган кои се додаваат поради нивната есенцијална улога во метаболизмот на коските. На овој начин, преку 2 таблети калциум цитрат на ден се обезбедува комплетна грижа за здравјето на коските. Калциум цитратот овозможува:

  • поддршка на здравјето на коските
  • синергетска формула за метаболизам на коските со минерали и витамин Д-2
  • високо биодостапен калциум
  • вегетеријански/веган производ. Без ГМО. Кошер.

„Повеќе информации за калциум цитратот прочитајте на страницата на Тримекс, од каде што може и да го набавите. Исто така калциум цитратот може да се најде низ аптеките во Македонија. Секако доколку читателите имаат потреба од дополнителни информации за користењето на овој суплемент, може слободно да ме контактираат преку вашиот меил info@sezahrana.mk или пак да се јават на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 – вели Д-р Нела.

Недостатокот на витамин Д води до недостаток на калциум

За правилна апсорпција и искористување на калциумот на телото му е потребен витамин Д. Затоа напоменав дека калциум цитратот е комплетна формула која содржи и витамин Д, а на тој начин ќе ви обезбеди заштита на коските.

Лекови препишани од специјалист 

Доколку имате остеопороза, вашиот специјалист ќе ви препише соодветна терапија. Во последните години, развиени се и лекови кои имаат за цел да ги зајакнат коските кај веќе настанатата остеопороза и да го намалат ризикот од настанување на скршеници.

Бидете физички активни без разлика на годините

Вежбањето има широк спектар на позитивни здравствени ефекти. Затоа е важно да бидете физички активни. Колку сте физички поактивни, толку повеќе се зајакнува мускулната маса, а коските стануваат поцврсти.

Балансираната исхрана може да помогне во превенција на остеопорозата

Исхраната има голема улога за превенција на остеопорозата. Со оглед на тоа што имам повеќе да зборувам на оваа тема, подетално би ве информирала во некој нареден текст. Накратко, намалете ја количината на сол, протеините од животинско потекло и фосфор во вашата исхрана. Ваквата исхрана предизвикува преголемо излачување на калциум од нашиот организам, што значи дека дури и да внесуваме доволно калциум тој нема да се задржува во коските туку ќе се излачи преку урината. Балансираната исхрана во комбинација со физичката активност се смета за важен дел од севкупниот третман на остеопорозата.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: 5 лесни совети за детоксикација по празниците.

Сподели: