Миомите на материцата се често заболување кај жените на возраст од 35 до 50 години, но може да се јават и кај помладата женска популација. Оваа болест се манифестира со формирање и раст на бенигни тумори во миометриумот – мускулниот слој на материцата. Во светски рамки, три од четири жени се засегнати со појава на миоми, а тоа ни беше мотив да поразговараме со Д-р Нела Деспотовска од Тримекс. Што се миоми, што може да помогне и кои се препораките прочитајте во текстот кој следува.
Што претставуваат миомите на материцата?
Миомите на материцата се бенигни тумори (формации) кои се наоѓаат во внатрешноста на материцата во 95% од случаите, а поретко се наоѓаат на грлото на матката (5% од случаите). Миомите можат да се развијат во мускулното и сврзното ткиво.

Сите врсти на миоми се формираат од две тиква: мускулно и сврзно. Во зависност од примарниот состав се одредува припадноста на миомот. Ако преовладуваат мускулните влакна, тогаш се нарекува миом. Ако преовладуваат сврзните влакна, кои се помешани со мускулни влакна, тогаш станува збор за фиброид. А ако туморот се состои исклучиво од сврзно ткиво тогаш се нарекува фибром.
Кои симптоми може да ги забележат жените при појава на миоми на материцата?
Симптомите кои се јавуваат зависат од повеќе фактори како времетраењето на миомите, староста на жената, големината, положбата и брзината на раст. Многу често се дијагностицираат миоми кои не прават никакви проблеми кај жените и не даваат симптоми.
Од друга страна, миомите на материцата може да предизвикаат одредени симптоми како што се:
- болки помеѓу менструалниот период со различно времетраење. Болките се јавуваат во карлицата, понекогаш во долниот дел, нозете или горниот дел на абдоменот.
- пореметување на менструалните циклуси
- зголемено или продолжено менструално крвавење
- крвавење меѓу два менструални циклуси
- репродуктивни проблеми како што е неплодност или спонтани абортуси
- брз или хроничен замор
- често или отежнато мокрење
- констипација
- анемија
- болни менструации
- вртоглавици
- чести главоболки
- емоционални и психолошки проблеми
- големите миоми може да го зголемат волуменот на стомакот без дебелеење.
Кои се причините кои доведуваат до појава на миоми?
До сега не е познат причинителот за појава на миоми, но се знае дека тоа е поврзано со естрогенот, кој во менопаузата почнува да се намалува. Некои од можните причинители за појава на миоми на материцата се:
- генетската предиспозиција
- хормонска нерамнотежа
- дијабетес и други ендокрини болести
- дебелина
- неконтролирано множење на клетките на ендометриумот
- повеќекратни или чести абортуси и употреба на спирала
- инфективни процеси на женскиот репродуктивен систем
- хроничен стрес
- хронични болести на различни внатрешни органи
- недостаток на физичка активност
- недостаток на редовен сексуален живот.
Која исхрана се препорачува кај жените кои се под ризик или имаат миоми?
Ако се земе во предвид дека миомите на материцата често пати се јавуваат како резултат на прекумерна количина на естроген, секоја храна која што влијае на нивото на овој хормон во крвта има влијание и врз миомите. Нутриционистите препорачуваат исхрана која го намалува нивото на естроген, чие ниво е значително поголемо кај жените со вишок на килограми. Истражувањата покажаа дека жените кај кои секојдневната исхрана која е богата со масти, а притоа е сиромашна со растителни влакна, имаат зголемен ризик за ова заболување. Доколку сте под ризик, избегнувајте ја консумацијата на заситени масти, рафиниран шеќер, бело брашно и млечни производи. Се препорачува консумација на интегрални житарици и зеленчук кој изобилува со растителни влакна и протеини.
Жените кои имаат дијагностициран миом на материцата, за време на лекувањето треба да преминат на вегетаријански или вегански режим на исхрана. Метаболизмот и елиминирањето на естрогенот се одвива преку црниот дроб и затоа е неопходно да се избегнува се што може да му наштети на овој орган. Треба да се елиминира консумацијата на алкохол, земањето на премногу лекови, намирници кои содржат адитиви, конзервирани и сувомеснати производи и пржена храна. Неутрализираниот естроген се исфрла преку бубрезите и цревата, па затоа се препорачува секојдневен внес на две литри течност.
Кои додатоци во исхраната се препорачуваат при миоми на материцата?
Од додатоците во исхрана го препорачуваме Indole-3-Carbinol. Indole-3-Carbinol е супстанца од растително потекло која има висока антитуморска активност. Спроведените истражувања ја потврдија ефикасноста и безбедноста од употребата при хормонална нерамнотежа и бенигни неопластични процеси.

Indole-3-Carbinol претставува биолошки активен додаток кој има улога во нормализирање на метаболизмот на естрогенот и за намалување на ризикот од развој на миоми, малигни тумори и неоплазми. Кога ќе се внесе во организмот се претвора во дииндолил метан (DIM) коj пак им помага на ензимите во црниот дроб да го блокираат производството на 16-OH естрогенот. Indole-3-carbinol производот е исто така способен за спречување на формирање на токсични метаболити за време на процесот на синтеза на женски хормони – естроген, блокирање на формирање на 16-S-hydroxyestrone. Индолот се користи во комбинација со терапија со зрачење, хемотерапија, радикален или палијативен хируршки третман, миоми на материцата, рак на дојка зависен од хормони, грлото на матка и матката, јајниците. Исто така може да се користи за да се спречи нивното повторување.
Сега можете да ја искористите акцијата и да порачате Indole-3-Carbinol со 40% попуст преку онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, јавете се на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или пишувајте на e-mail: info@trimeks.com.mk
Како се лекуваат миомите на материцата?
Постојат два главни методи на лекување на миомите на материцата. Едниот начин е конзервативно лечење со помош на лекови, суплементи и неинванзинви методи. Другиот начин е оперативно лечење по пат на хируршка интервенција која може да биде класична, вагинална, лапароскопска и хистероскопска. Изборот на лекување зависи од клиничките симптоми, големината на миомот и возраста на жената.
Редовните лекарски прегледи и практикувањето на здрави животни навики се клуч на доброто здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Indole-3-Carbinol – растителна супстанца со висока антитуморска активност.
*Спонзориран текст.