Од сите витамини, витаминот Д важи за еден од најесенцијалните за човечкото тело. Иако е еден од најлесно достапните витамини и може да се апсорбира и од сонцето, фактот дека 1 билион луѓе на денешно време страдаат од неговиот недостаток е шокантен. Имајќи предвид дека во ладните и зимските денови, кога во значително помала мера сме изложени на сонце се најкритични, посветивме време на темата и поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. Кои се нејзините совети и препораки, прочитајте во текстот.
Придобивките од витаминот Д се огромни, но најголемиот бенефит од него е тоа што тој ја зголемува апсорпцијата на калциумот, магнезиумот и фосфорот. А овие минерали се неопходни за здрави коски.

Нутриционистите препорачуваат нивото на витамин Д да изнесува помеѓу 400 – 700 IU (интернационални единици). Оваа граница важи и за деца и за возрасни. Повисоко ниво на витамин Д е потребно за лица над 65 години.
Научниците пак, освен за значењето за здравјето на коските, гледаат поврзаност помеѓу недостатокот на витаминот Д и појавата на дијабетес, канцер и покачен крвен притисок. Во продолжение дознајте на кои природни начини може да го зголемите нивото на витамин Д.
Сонце
Општо споредено со порано, денес е зголемен бројот на лица кои имаат недостаток на витамин Д, затоа што се повеќе време се минува во затворени простории. А, на човечкото тело за да апсорбира доволни залихи од овој витамин, потребни му се барем 30 минути изложеност на сонце. Еве неколку предлози како може да уживате на сонцето и во неговите придобивки за подобро здравје:
- Изложете ги вашите раце директно на сонце околу 20-25 минути. Може едноставно да уживате на сонцето така што вие ќе бидете скриете под сенка, а преку изложувањето на рацете ќе апсорбирате витамин Д.
- Оние кои работат во канцеларија и немаат време да седат на сонце, за време на паузата може кратко да прошетаат на сонцето.
- Дозволете им на децата да си играат надвор. Тоа е особено важно за развојот на нивните коски.
- Патувајте во сончеви предели, особено во зимските денови кога има недостаток на сонце.
Мрсни риби
Со само 2 до 3 порции мрсна риба во неделата може да обезбедат 127 проценти од препорачаните дози на витамин Д. Па така, нека на вашето мени редовно има лосос, харинга, туна или сардини.
Овошје и зеленчук
Растителната храна е добар извор на витамин Д. Затоа, секогаш е добро храната да ви изобилува со овошје, зеленчук и производи кои се добиени од нив. Особено добра навика е доколку за ужина се консумира свежа храна. Освен тоа, се препорачува секојдневно да консумирате млеко од соја или ориз, сок од портокал, житарки, леб, тофу и печурки.
Анимални производи
Во принцип млекото од животинско потекло содржи големи количини на витамин Д. На тој начин и млечните производи, како што се сирењето и јогуртот, изобилуваат со овој витамин. Особено богато со витамин Д е рикота сирењето, па затоа многу доктори го препорачуваат на лицата кои имаат недостаток. Телешкиот црн дроб е богат со витамин Д, а исто така и јајцата, особено жолчката која обезбедува 7% од вкупните дневни потреби.
Ултра виолетови (УВ) ламби
Ултра виолетовите ламби се користат за лицата кои имаат голем недостаток на витамин Д и екстремно висок ризик од заболувања. Бидејќи тие емитуваат високо ниво на УВ зраци, може да имаат опасност по здравјето на очите и кожата, па се употребуваат само во оправдани случаи препорачани од доктор.
Секако, на располагање има и додатоци кои може да се земат во исхраната, па ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска за стручно мислење.
Препорачан додаток во исхраната – NOW® Vitamin D-3
NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма во мека капсула. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Како и да е, не е присутен многу во храната. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата со витамин Д станува сѐ понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина.
Со оглед на тоа што витаминот Д е растворлив во масти, за подобра искористливост се препорачува да се консумира заедно со масни киселини (Омега 3, Омега 3-6-9, DHA 500).

Повеќе информации за NOW® Vitamin D-3 прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Ви препорачуваме да прочитате: Сончевиот витамин Д-3 е значаен за коските и забите.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.