Зачувајте ја младоста и имајте подобра плодност со витамин Е

Витаминот Е или токоферол е моќен антиоксиданс од групата на витамини растворливи во масти. Познат уште и како „витамин на младоста и убавината“ бидејќи има неверојатно дејство врз здравјето на кожата. Помага во заштитата од загадувањето на воздухот, UV зрачењето и ја подобрува плодноста. И не само тоа! Продолжете со читање и дознајте ги придобивките од витамин Е, како и најдобрите извори од храната. 

Витаминот Е овозможува побрзо заздравување на раните, а заедно со витаминот Ц може да делува и на подобрување на симптомите на егзема. Ја прави кожата да изгледа помлада и помазна, ја штити кожата од сончевите зраци, го спречува настанувањето на темни флеки и ја намалува појавата на акни и брчки.

Витамин Е

Ги штити крвните садови и го забавува стареењето

Витаминот Е ги штити структурите на клеточните мембрани од влијанието на слободните радикали, се бори против воспалителните процеси и на тој начин природно го забавува стареењето на клетките. Благодарение на неговиот антиоксидативен ефект и неутрализирањето на слободните радикали, витаминот Е помага во спречување на оксидацијата на холестеролот и истовремено ги штити крвните садови од оштетување.

Може да ве интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Здраво срце и крвни садови гарантираат долг животен век.

Витаминот Е помага за подобрување на плодноста

Овој витамин има значајна улога за правилно функционирање на жлездите со внатрешно лачење, а особено е важен за половите жлезди. Витаминот Е учествува во формирањето на репродуктивните клетки и ја подобрува плодноста и кај двата пола.

Извори и недостаток на витамин Е 

Витаминот Е најмногу е застапен во:

  • растителните масла
  • јаткастите плодови (бадеми, лешници, ореви)
  • зеленчукот со зелени листови (спанаќот, блитва)
  • житарките и пченичните никулци
  • семките од сончоглед и тиква.

Потребата за внес на витамин Е се менува во текот на животот. Возрасните имаат потреба од поголеми количини за разлика од децата. Исто така, потреба од поголеми количини на витамин Е имаат и доилките.

Недостаток на овој витамин ги намалува црвените крвни клетки, што може да предизвика анемија. Хроничниот недостаток на витамин Е може да доведе до оштетување на бубрезите и црниот дроб, дегенерација на репродуктивните органи и мускулна дистрофија.

Додатоци во исхраната со витамин Е кои се достапни кај нас

Од додатоците во исхраната кои се достапни кај нас го препорачуваме витаминот Sun-E™ 400 од Now. Има повеќе полезности меѓу кои:

  • ја стабилизира мозочната активност
  • го нормализира расположението
  • ги зголемува ментални способности
  • стимулира раст на коски
  • подржува нормално функционирање на срцето.
витамин Е

Каде може да набавите Sun-E™ 400 и како се користи?

Овој додаток во исхраната може да се набави од сите поголеми аптеки или на онлајн продавницата на Тримекс. Се препорачува да се користи 1 капсула дневно со храна. Повеќе информации за витаминот Е Sun-E™ 400 од Now Foods прочитајте на веб страницата на Тримекс.

Совет плус:

За сите дополнителни информации и консултации за Sun-E™ 400, контактирајте ги Тримекс на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви предлагаме да прочитате: Храна и витамини кои ја зголемуваат плодноста кај мажите.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: