Едноставна природна маска за сува и оштетена коса 1

Едноставна природна маска за сува и оштетена коса

Постојат разни причини поради косата може да ви биде оштетена, сува и кршлива, но треба да имате предвид  дека и дома можете да направите нешто. Токму за летните денови, ви припремивме еден одличен предлог за домашна нега. Така, доколку сметате дека ќе ви користи малку нега, пробајте ја нашата природна маска за сува и оштетена коса.

Редовната изложеност на сонцето, влијанието на водата, може да бидат значајни фактори.

Едноставна природна маска за сува и оштетена коса 2

Потребно:

  • 1/2 шолја мед
  • малку маслиново масло
  • жолчка од јајце или авокадо по потреба.

Начин на употреба:

  1. Косата треба да биде сува и чиста, а потоа по полека во неа да го втриете медот. За полесно да го втриете медот, а и за подобро хранење на косата, додајте малку маслиново масло. Ако косата ви е многу оштетена од сонцето, во медот можете да додадете жолчка од јајце или авокадо, тоа ќе ја опорави и тоа како вашата коса. Овој третман применувајте го еднаш месечно.
  2. Оставете ја маската да делува околу 20 минути, а потоа измијте ја со млака вода.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен третман со маслиново масло за оштетена коса.

Сподели: