Сигурно имате пробано најразлични скапи третмани и маски, но косата и понатаму ви е сува и испукана? Пробајте го овој домашен третман со маслиново масло кој може да ви помогне во обновувањето на косата.
Домашен третман со маслиново масло за сува и оштетена коса
Овој третман за коса може да го направите во својот дом, без да потрошите многу пари. Резултатот ќе биде здрава, мека и сјајна коса со природни состојки. Маслиновото масло ја негува, зајакнува косата и му дава еластичност на влакната.

Потребни ви се:
- ½ чаша маслиново масло (доволно е за два третмани)
- 5 капки етерично масло по желба
- најлонска капа.
Постапка и употреба:
- Маслиновото масло ставате го во тегла и додајте етерично масло. Теглата затворете ја со капак и добро измешајте.
- Потоа ставете ја на темно и суво место да стои за време од 24 часа. Пред употреба, повторно промешајте.
- Косата навлажнете ја со топла вода. Помеѓу дланките ставете една лажица од маслото и масирајте ја косата. Постапката повторете ја додека целиот скалп го измачкате со маслото. На крај маслото нанесете го на краевите од косата. Косата соберете ја со најлонска капа и оставете маслото да делува најмалку 30 минути.
- Потоа косата измијте ја со шампон како и обично.
Совет плус: Доколку косата често ви се мрси во коренот, а краевите се суви и оштетени, маслото нанесете го само на долните делови од косата.
Ви предлагаме да прочитате: Хранлива маска против опаѓање на косата и за нејзина заштита, од 3 состојки.