Чистењето на бакарните тенџериња и предмети може да се направи на различни начини, најчесто со состојки кои ги имаме дома. А што е поважно, тоа е ефикасно, евтино и не се потребни штетни хемиски средства.
На сите нам помошта во кујната ни е добредојдена, било да станува збор за некој добар рецепт или совет за чистење. Различните тајни за успешното одржување на домаќинството се пренесуваат низ вековите од колено на колено, а понекогаш оние стари „рецепти“ се најдобри. Затоа погледнете го краткото видео и научете како може лесно да ги исчистите бакарните тенџериња, а истиот метод може да го применете и да го исчистите бакарниот накит и бакарните декорации.
Техника за чистење на бакарни тенџериња
За да ги исчистите бакарните тенџериња потребни ви се само две состојки: сол и киселина. Тенџерето ставете го во мијалникот и врз него нанесете сол. Попрскајте го со киселина и ставете уште сол. По 10 до 15 секунди ќе забележите дека постапката на чистење е започната. Врз чисто сунѓерче за миење на садови, нанесете алкохолна киселина. Со рапавата површина на сунѓерот, добро исчистете го бакарното тенџере за време од 15 до 20 секунди. Потоа, повторно нанесете сол врз тенџерето и продолжете со чистењето. На крај, штом бакарното тенџере е добро исчистено, темелно измијте го вода. Лесно и брзо!