Дали сакате да приготвите сочно месо во кремаст сос? – Ова е најдобриот рецепт за свинско месо во сос од печурки кој вреди да го приготвите во првата прилика. Набавете ги состојките и следете ги чекорите за подготовка.
„Подобро и повкусно од ресторан! Топло ви препорачувам да го испробате овој рецепт, а гарантирам дека ќе го освои сечиј вкус. Месото приготвено на овој начин е сочно, со богата арома, а сосот фантастичен.“ – додава Марија од нашиот тим.

Состојки:
- 4 парчиња свежо свинско каре или кременадли без коска
- морска сол
- мелен црн бибер, лук во прав, рузмарин од Podravka
- 400 г свежи шампињони
- 1 лажица путер
- 2 лажици маслиново масло
- прстофат свежа мајчина душица
- 350 мл вода
- 1 ќесичка Vegeta fant сос од печурки.
За декорација:
- гранчиња свеж рузмарин, шери домати.

Подготовка:
- Парчињата месо измијте ги и ставете ги во чинија. Зачинете ги со сол, мелен црн бибер, лук во прав и рузмарин.
- Шампињоните измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги на листови со дебелина од 3-5 мм.
- Во тава на оган ставете го путерот да се растопи, а потоа додајте го маслото. Штом маслото се загрее, ставете го месото. Пржете го по 3-4 минути од страна додека малку порумени. Месото извадете го во чинија.

- Рерната пуштете ја да се загрева на 180 степени.
- Во тавата во која се пржеше месото ставете ги печурките и пропржете ги кратко. Зачинете ги со сол, мелен црн бибер, лук во прав и мајчина душица. Течноста од тавата внимателно отстранете ја и продолжете со пржењето уште 2-3 минути.
- Додајте ја водата и содржината од ќесичката Vegeta fant сос од печурки. Оставете сосот да зоврие, а притоа постојано мешајте додека се згусти.

- Во тава за печење ставете го сосот и наредете го месото. Врз секое парче ставете по малку од сосот. Тавата ставете ја во рерната и печете околу 25-30 минути.

- Запеченото свинско месо во сос од печурки декорирајте го со гранчиња свеж рузмарин, шери домати и послужете го додека е топло. На здравје!
Совети плус:
- Свинското месо може да го зачините два до три часа пред подготовката. Најдобро е да го зачините и да го оставите во фрижидер преку ноќ.
- Ако немате свежа мајчина душица, додајте ја како зачин. Мајчината душица може да ја најдете во палетата на Vegeta Maesto зачини.

Автор на рецептот: Марија Кочовска.
Автор на фотографиите: Симоне Калица.
Ви препорачуваме да прочитате: Брза мексиканска лазања.
*Спонзориран рецепт.