Засадете ѓумбир во домашни услови 1

Засадете ѓумбир во домашни услови – совети за одгледување

Кога спомнуваме домашни услови, често пати мислиме на одгледување на растенијата во саксија, како најпрактичен начин и изведлив за секој дом. Пребарувајќи по интернетот,  наидовме на една блогерка Кристина, која живее во Америка и споделува интересни туторијали. Така, го откривме и овој за одгледување на ѓумбир во домашни услови, кој сигурни сме ќе ги интересира сите љубители на здравиот живот.

Бидејќи ни се допаднаа нејзините едноставни совети и одлучивме и ние да ги пробаме, ги споделуваме со сите вас, за да засадите доколку имате желба.

Може да ве интересира: Ѓумбир – 7 придобивки за кои не сте знаеле!

Засадете ѓумбир во домашни услови 2

Да, засадете ѓумбир во домашни услови!

Што е потребно?

Единствен материјал кој ви е потребен е саксија со земја и купен корен од ѓумбир кој по својот облик потсетува на човечка шака. Најдобро е да изберете „рака“ со што повеќе „прсти“. За да добиете повеќе плодови, неопходно е да ги искршите гранчињата на ѓумбирот на што повеќе делови.

Може да ве интересира: Како да изберете и чувате ѓумбир?

Како се сади?

Садењето е лесно. Ставете во саксијата еден „прст“ ѓумбир и не заборававајте дека мора да го засадите на површината на земјата. Внимавајте да не го затрупате ѓумбирот со земја, затоа што тоа е главниот трик за да ви успее садењето. Налевајте вода често. Не бара многу светлина, но бара топлина.

Кристина советува да го засадите како домашна билка во раната есен, а кога ќе дојде пролет да го префрлите во бавча доколку имате можност. Во случај да го префлате ѓумбирот од саксија во бавча, неопходно е да изберите место со растресита земја и редовно да турвате вода. Што се однесува на штетниците, блогерката тврди дека нема простор за грижа дека ќе го нападнат ѓумбирот.

Доколку се грижите според овие совети, зелениот изданок на ѓумбирот може да нарасне од 60-120 см. Оставете го да расте 3-5 месеци пред да почнете да ги користите новите гранчиња кои ќе се појават во земјата.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 чекори како да засадите и одгледувате ѓумбир во саксија.

Сподели: