здрави коски 1

Зачувајте го здравјето на коските во зима

Страдате од болести на коските? Имате болки во зглобовите? – На вистинското место сте. Продолжете со читање и подобрете си го здравјето на коските оваа есен и зима. Дознајте што може да ви помогне и уживајте во ладните денови без болки.

Голем дел од повозрасната популација се соочува со болни коски и зглобови како резултат на разни болести на коските. Тие болки се зголемуваат со промената на временските услови. Поточно, во ладните и помалку сончеви денови болките стануваат посилни. За среќа постојат одредени хранливи состојки кои го подобруваат здравјето на коските. Најзначајни од нив се витаминот Д-3 и MSM (Methylsulfonylmethane). Која е нивната улога и во која храна се наоѓаат? – Прочитајте во продолжение.

здравјето на коските во зима

Витамин Д за нормална работа на коскеното ткиво

Кај лицата кои страдаат од болести на коските, болките се поинтензивни во периодот на доцна есен, како и во зима. Главна причина е недостатокот на витамин Д во телото. Бидејќи Д витаминот го добиваме од сонцето, а во зимските месеци е помала изложеноста на сонце, па така се јавува и недостаток на овој витамин. Недостатокот на витамин Д го зголемува ризикот од хронични воспаленија и ја отежнува правилната работа на коскеното ткиво. Кај поголем дел од лицата кои имаат проблеми со коските, помага земање на витамин Д како додаток на исхраната. Витаминот Д може да се сретне во вид на меки капсули или капки. Наша препорака се капките Liquid Vitamin D-3 (може да се користи и за деца) и Extra Strength Liquid Vitamin D-3 (наменет за возрасни).

NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на маслен раствор. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Присутен е во храна од животинско потекло и тоа во мали количини. Бидејќи во доцна есен и во зима е намалено изложувањето на сонце, суплементацијата на витамин Д станува неопходна за да организмот ја добива соодветната количина.

Витаминот Д-3 е важен за метаболизмот на калциум и фосфор, што ја промовира ресорпција на овие минерали од цревата и овозможува нивно складирање во коските. Потребен е за правилен раст на коските и забите, како и за мускулите и нервните ткива. Освен што ги зацврствува коските и ги намалува болките во колената, NOW® Vitamin D-3 помага и за:

  • поздрава кожа и коса
  • подобро расположение
  • зголемена енергија и концентрација
  • посилен имун систем.

Ако не знаете колку витамин Д треба да внесувате, консултирајте се со лекар или нутриционист.

здрави коски 3

MSM (Methylsulfonylmethane) за флексибилни зглобови

Друга состојка која им е потребна на коските за нормално функционирање е MSM (Methylsulfonylmethane). MSM е сулфурно соединение кое природно е присутно во многу мали количини во:

  • овошјето
  • зеленчукот
  • зрната
  • производи од животинско потекло
  • некои алги.

Соединенијата на сулфур ги има во сите клетки на телото и се неопходни за живот. MSM, во неговата улога во циклусот на сулфур во телото, помага да се создадат хемиски врски неопходни за формирање и одржување на бројни различни видови на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ‘рскавица и кожата. Значаен е за здрави коски и зглобови.

МСМ ја враќа силата на мускулите, коските, зглобовите, клеточните мембрани, го уништува влијанието на слободните радикали и ја зголемува флексибилноста на зглобовите и крвните садови. Нефлексибилноста на зглобовите е тесно поврзана со акумулација на калциум фосфат или калциум карбонат во зглобовите. МСМ го разбива насобирањето на лошиот калциум во зглобовите и крвните садови претварајќи го во калциум цитрат кој е растворлив и лесно се излачува надвор од организмот.

Може да ве интересира: MSM е природна состојка која ги чува зглобовите.

Витаминот Д-3, како и MSM може да ги набавите преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава, а ги има и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Кои се придобивките од витамин Д-3 капките?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: