Веќе неколку години сите нијанси се „ин“ и се популарни. Девојките и сите жени воопшто ги обожаваат, но кога станува збор за црвенокосите, имаат поголем проблем од останатите со брзо паѓање на бојата, како и посфецифична е потребата за нега на косата. Еве неколку начини и природни маски за црвена коса кои ќе ви помогнат да ја зачувате убавината на косата и да постигнете бојата да трае што подолго!
Масло од арган
Маслото од арган е малку скапо, но е добра инвестиција. Тоа ја контролира косата, а исто така и дава здрав сјај и изглед на негувана коса.

Сок од брусница
Често слушаме дека најдобар пријател на црвенокосите е пудрата за коса, но има нешто природно што може да биде исто така добро, а тоа е сокот од брусница. Тој може да ви помогне да спречитге бојата брзо да избледи. Натопете ја косата со сок од брусница, ставете пластична капа или замотајте ја со пластична фолија и оставете ја да делува 10 минути. Потоа, измијте ја и исушете ја како и обично.
Чај од хибискус
Потребни ви се 2-3 ќесички чај за 1 шолја вода, а количината ќе ја подготвите зависно од тоа колку ви е долга косата. Варете го чајот 5-10 минути во вода која врие, па отстранете го од огност. Кога ќе се излади доволно, нанесете го на косата и оставете да делува најмалку 30 минути, па измијте ја косата, како и обично.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашна маска за коса со желатин.