За подобар имунитет и заштита од болести јадете тиква што почесто 1

За подобар имунитет и заштита од болести јадете тиква што почесто

Таа е симбол на мирисот и боите на есента! Може да се јаде печена, варена или во разни пити, десерти, во склоп на пијалаци и смути. Нејзиниот вкус е прилично неутрален и лесно приемлив за сите. Одлична е за здравјето на повеќе начини, а денес ви откриваме 5 причини зошто е добро да јадете тиква што почесто.

Прошетајте се и набавете од најблискиот пазар или маркет, организмот ќе ви биде благодарен.

За подобар имунитет и заштита од болести јадете тиква што почесто 2

Тиквата помага за слабеење

Богатството од растителни влакна во нејзиниот состав, помага за чувство на подолготрајна ситост – потврдува експертот за нутриција и диети, Каролин Кауфман. Не само што даваат чувство на ситост, туку и, на некој начин хидрираат. „Тиквите се нискокалорични, имаат до 90% вода во нивниот состав и помалку од 50 калории во порција“ – вели Кауфман.

Ја зачувуваат острината на видот

Брилијантната портокалова боја на тиквите се должи на бета каротенот, кој во телото се претвора во витамин А. Витаминот А, е есенцијален за здравјето на очите и и помага на ретината да ја апсорбира и процесира светлината. Само 1 чаша тиква дневно, содржи 200% повеќе од препорачаната дневна доза за витамин А, што потврдува дека е исклучително корисна за здравјето на очите.

Тиквата го подобрува имунитетот

Ако барате начин да го подобрите имунитетот и да се заштитите од болести, пробајте со редовна консумација на тиква. Големата количина на витамин А, му помага на телото да се справи полесно со инфекциите, вирусите и инфективните заболувања. Маслото пак направено од тиква, помага и за борба против бактерии и габични инфекции. Плус тоа, во составот на тиквата има и скоро 20% од препорачаната доза на витамин Ц, што е голема помош при настинки.

Дава младешки изглед на кожата

Бета каротенот во нејзиниот состав ја заштитува кожата од брчки предизвикани од сонцето и УВ зраците, но исто така може да се нанесува како маска за нега. При тоа, ја ексфолира и ја измазнува кожата, а потребно ви е само 1/4 чаша испасирана тиква, 1 јајце, 1 лажица мед и лажица млеко. Измешајте, па нанесете ја на чисто лице и оставете а делува 20 минути. Потоа, измијте ја со млака вода.

Го намалува ризикот од рак

Бета каротенот го спомнавме веќе неколку пати. И знаете што? – Не само што е одличен за очите и кожата, некои истражувања велат дека помага за заштита од рак, а посебно на белите дробови и простатата.

„Витаминот Ц и А, се „екипа“ за одбрана на телото од рак.“ – вели Кауфман. „И двата се антиоксиданси и штитат од слободните радикали“ – додава.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен и природен густи сок од тиква.

Сподели: