Колку од нас ги сакаат здравите десерти? Сигурно штом го читате овој рецепт водите сметка за вашето здравје и здравјето на вашето семејство. За таа цел го споделуваме рецептот за здрави посни бомбици со кокос и лимон направени без шеќер!
Освен што преубаво изгледаат, овие мали слатки бомбици се приготвуваат на лесен начин. Она што најмногу ни се допадна е што се валани во златен сусам. Тајната за подготовка ни ја открива Диана, која рецептот го објави на нејзиниот блог Trydiani.

Состојки:
- 1 лажица рендана кора од лимон
- ¼ чаша непечени индиски оревчиња
- ½ чаша бадеми
- 1 ¼ чаша кокос
- 2 лажици мед
- ½ до 1 лажица свежо цеден сок од лимон
- неколку капки екстракт од лимон
- прстофат куркума
- 1 до 2 лажици кокосово масло
- ¼ до ½ чаша сусам
- ¼ мала лажичка куркума.
Подготовка:
- Бадемите и индиските орави се мелат. Потоа се ставаат во длабок сад. Во садот се додаваат кокосовите струготини, сокот од лимон и се поросува со куркума.
- На пареа се топат кокосовото масло и медот, а потоа се додаваат во садот со кокосот.
- Во садот се додава и кората и екстрактот од лимон. Смесата убаво се меша и по желба може да се остави во фрижидер за да се излади и стегне. Од изладената смеса се формираат топчиња со големина на орев.
- Топчињата се ставаат во фрижидер.
- Во меѓувреме се приготвува златниот сусам.
- Во сува тава на умерената температура се става сусамот. Се пропржува за време од 5 до 8 минути, со повремено мешање додека добие златеста боја.
- Тавата се трга од огнот и се поросува со куркума. Се меша со лажица и се остава сусамот да се излади.
- Во изладениот сусам се валкаат бомбиците со лимон и кокос. Готовите здрави посни бомбици се сервираат веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Здрави бомбици со тиква, овес и мак без шеќер.