Овој здрав напиток се припрема исклучително лесно! Кога ви се пие нешто свежо и природно, изберете да си направите диетален сок од ананас. Одличен е и за сите кои внимаваат на својата линија, за сите кои сакаат да ослабат и секако за секој кој е поддржувач на живот полн со здрави навики!
Сите состојки во овој сок се природни и помагаат во процесот на слабеење. Бромелинот кој го има во ананасот делува на метаболизмот така што го забрзува согорувањето на мастите во организмот. Тоа е причината за да го вклучите ананасот во исхраната, ако имате цел да се ослободите од вишокот на килограми. За брзото намалувањето на килограмите, истовремено влијаат овошните киселини и присуството на витамин Ц, кои помагаат за топење на мастите. Повеќе за ананасот можете да прочитате тука.

Состојки:
- 1 ананас
- 1 лажица ленено масло од Фила
- 200 мл ладна вода
- малку сок од лимон или лимета, по желба.
Подготовка:
- Ананасот треба да биде зрел и свеж. Ставете го во фрижидер за да се излади.
- Исчистете го и исечете го на коцки, па ставете го во блендер и додајте го лененото масло и водата.
- Сите состојки измиксајте ги убаво и чувајте ги во фрижидер, а по желба додајте малку сок од лимон или лимета. Исто така, може да додадете и дополнителна количина на вода. Декорирајте со парче лимон или портокал, сервирајте го како дел од појадокот или со омиленото кафе и на здравје!
Многумина пишуваат пораки до нас за препорака на квалитетно ладно цедено масло од лен, па ако сакате и одлучивте да го пробате лененото масло кое го користиме ние, побарајте во поголемите маркети ладно цедено масло од лен од Фила. За да го набавите, исто така може да ја посетите и онлајн продавницата, каде е достапно да купите ленено масло од 250 мл и ленено масло од 500 мл по најповолни цени. Неговото поволно дејство ни е испробано и сме утврдиле дека делува, а за сите прашања кои ги имате во врска со користењето на лененото масло, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk
Ви препорачуваме да прочитате: 5 намирници кои го забрзуваат метаболизмот на природен начин.