согорување на масти кај мажи

Зошто согорувањето на масти е различно кај мажите и жените?

Доаѓаат топлите месеци и сите сакаме да постигнеме убава форма на телото. А сте се запрашале ли зошто на жените им е многу потешко да го намалат вишокот на килограми и да ги согорат мастите во споредба со мажите? – Одговорот на ова прашање прочитајте го во продожение.

Жените имаат тенденција да складираат повеќе масти по јадењето, што придонесува за нивниот повисок процент на телесни масти

Постојат одредени навики кои треба да ги практикувате за го поттикнете телото да согорува повеќе масти. Една од нив е да го намалите внесувањето на јагленихидрати во исхраната во одредени периоди, така што телото ќе биде принудено да ги согорува мастите. На пример, обидете се да внесувате поедноставни јаглехидрати во деновите кога не вежбате, а посложени во деновите кога вежбате. Практикувањето на анаеробен стил на вежбање, како што е кревањето тежина или пак спринтовите, исто така ја подобруваат метаболичката флексибилност на телото.

Мажите се генерално повисоки и имаат поголема мускулна маса. Како резултат на тоа нивниот метаболизам во мирување согорува повеќе калории. Покрај тоа, мажите најчесто имаат вишок на масти во стомакот, кои полесно се губат.

согорувањето на масти кај жени

Жените ги согоруваат мастите за време на вежбањето во многу поголем степен

Жените за да може да ги согорат мастите мора да вежбаат. За разлика од нив, мажите согоруваат повеќе масти и по завршувањето на тренингот.

Дополнително, жените ги складираат мастите веднаш под кожата, додека мажите имаат повеќе висцерални масти. Висцералните масти се метаболно активни и претставуваат ризик за кардиоваскуларното здравје и инсулинската резистенција. Во меѓувреме разумната количина на масти во долниот дел од телото кај жените укажува на подобро здравје и помал ризик од срцеви заболувања!

При согорувањето на мастите, жените најпрво се ослободуваат од мастите во горниот дел од телото, но имаат мака во губењето на мастите во долниот дел од телото. Телата на жените складираат масти како подготовка за бременоста, но тие исто така имаат и поголем број на алфа рецептори во овој дел од мажите. Комбинацијата на алфа рецепторите и естроген го спречува губењето на масти. Мажите имаат повисок процент на бета рецептори, што овозможува полесно согорување на мастите.

Стресот влијае на метаболизмот на жените, спречувајќи го губењето на масти

Се разбира, стресот влијае на загубата на масти кај секого. Стресот доведува до постојано лачење на кортизол. Примарната функција на кортизолот е да влијае на зголемувањето на шеќерот во крвта, за да имате доволно енергија за да се изборите со стресната ситуација.

Постот и ограничувањето на калориите може да влије неповолно за жените, но е корисно за мажите

Наизменичниот пост и ограничување во калориите се пример за тоа како стресот негативно влијае на метаболизмот на жените во споредба со мажите. И двете нешта се метаболички корисни за повеќето мажи, овозможувајќи им да го согорат вишокот на масти.

Многу жени се изјасниле дека за време на пости забележуваат зголемување на телесната тежина, нерамнотежа на шеќерот во крвта, несоница и неплодност. Додека мажите имаат тенденција да губат масти при пост, голем дел од жените добиваат масти плус. Механизмот зад ова несовпаѓање веројатно има врска со тоа како женското тело реагира на недостаток на калории. Научниците веруваат дека ограничувањето на калориите, дури и спорадичното ограничување, предизвикува хормонални нарушувања и лачење на вишок кортизол со телото, кој потоа се складира во масните клетки. Тоа е „заштитна реакција”, бидејќи телото ги складира мастите за натамошен опстанок кога калориите ќе бидат ограничени.

Ви предлагаме да прочитате: Целосна програма за отстранување на целулитот.

Сподели: