Ивино интегрално лепче со ореви 1

Ивино интегрално лепче со ореви

„Ова лепче го правам и во бела варијанта и е преубаво. Сега решив да пробам со интегрално брашно и презадоволна сум, не очекував дека ќе биде толку убаво.“ – искрено сподели Весна со нас. Да го пробаме нејзиното интегрално лепче со ореви и ние!

Штом е направено со љубов, знаеме дека е превкусно и дека ќе ни предизвика посебна радост кога ќе го вкусиме. На задоволство за сите нас, еве го рецептот.

Ивино интегрално лепче со ореви 2

Состојки:

  • 500 гр интегрално брашно
  • 350 гр бело брашно
  • 1 мало лажиче шеќер
  • 1 сув квасец – 7 гр
  • 2 лажици сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • 600 мл млака вода
  • 120 гр мелени или сечкани ореви
  • 2 лажици ленено семе.

Подготовка:

  1. Во поголем сад ставете го квасецот со шеќерот и малку млака вода за да нарасне.
  2. Брашното се просејува и се става во садот, но не го ставајте цело, туку постапно бидејќи подобро е да го додадете а време на месењето..
  3. Сите состојки се додаваат во садот со брашното и квасецот, па убаво се меси додека тестото не престане да се лепи. Ако не ви успее месењето само со додавање на брашно, пробајте со намрсени раце, важно е тестото да остане меко.
  4. Оставете го да одмори и нарасне, за време од околу 45 минути и најдобро е да биде покриено со најлонска фолија за да не се формира.
  5. Потоа, размесете го нежно, додадете ги оревите сакате и оставете го уште половина час за повторно да нарасне.
  6. Поделете го на 3 дела, но не го размесувајте повеќе, туку работете нежно. Со малку брашно, од секое парче формирајте лепче, а краевите вртете ги во спротивен правец колку можете со двете раце, но внимавајте да не биде многу истенчено лепчето.
  7. Префрлете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да стасуваат уште 20 минути. Потоа наросете ги со ленено семе или друго по ваша желба.
  8. Печете на 225 степени, околу 35 минути. На здравје!

Забелешка: Белото лепче, според оригиналниот рецепт не се размесува два пати, значи се меси, нараснува 1 час, се прават лепчиња и се оставаат во плехот 20 минути пред печење. Кој сака побрзо, може и така.

Рецептот го испратил: Весна Рор, Со љубов за вас.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен интегрален леб.

Сподели: