Индиски полнети лепчиња - Masala Kulcha 1

Индиски полнети лепчиња – Masala Kulcha

Интернационалната кујна изобилува со разни вкусни рецепти! Обично кога одиме накаде на патување сакаме да пробаме нешто ново и потоа да го предложиме рецептот за да пробаат сите. Таков е и овој рецепт за одличните индиски полнети лепчиња. Пробајте ги, убави се.

Може да ве интересира: Оригинален либански рецепт за хумус.

Индиски полнети лепчиња - Masala Kulcha 2

Состојки:

  • 500-600 гр брашно
  • 3 лажици јогурт
  • 1 чаша млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 1 ½ лажица сув квасец
  • 100 мл млака вода
  • ½ лажичка свеж сок од лимон
  • ½ лажица прашок за печиво
  • 2-3 лажички путер
  • сол по вкус.

За фил:

  • 5-6 варени компири
  • 3-4 главици ситно сечкан кромид
  • 1 лажичка чили
  • 1 лажица паста од ѓумбир
  • 2-3 лажички масло или путер
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Во сад ставете 100 мл млака вода, додадете го квасецот и 1 лажица шеќер. Оставете го да стои 10 минути.
  2. Потоа во садот додадете го сокот од лимон.
  3. Во сад за месење ставете ги брашното, јогуртот, млекото, 1 лажица шеќер, 1 лажичка путер и сол по вкус. Измешајте ги состојките.
  4. Во садот додадете го квасецот и млака вода по потреба, па замесете тесто. Тестото оставете го да околу 2 часа за да нарасне.
  5. Варените компири измешајте ги со кромидот, чилито, ѓумбирот, маслото и солта.
  6. Од нараснатото тесто формирајте топки.
  7. Во секоја топка, направете мал отвор и ставете од филот со компири. Со сукало од секоја топка исучете кора.
  8. Корите печете ги во загреано тавче со малку масло од двете страни додека добијат убава румена боја.

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за домашни арапски лепчиња.

Сподели: