испукана кожа 1

Испукана кожа на раце и стапала – што ја предизвикува и како да си помогнете

Ве мачи испукана кожа на рацете и стапалата?  – Иако смета и иритира, закрепнувањето на сувата кожа е подолг процес за кој е потребно повеќе време и посебна нега. Доброто е тоа што може да среди лесно, со следење на неколку совети.

Рацете и стапалата се особено склони кон сува и испукана кожа. Структурата на кожата на рацете ги прави помалку способни да ја задржуваат влагата, со што стануваат поподложни на нејзино сушење, за разлика од другите делови на телото. Нашите раце се постојано изложени на надворешните влијанија и температурните промени. Често доаѓаат во контакт со вода и средства за чистење. Кога кожата ќе се исуши, ѝ станува уште потешко да ја задржи потребната влага и почнува да пука.

испукана кожа 2

Зошто се јавува испукана кожа?

Испуканата кожа на рацете и нозете најчесто се јавува поради сувоста на кожата, односно нејзина дехидратација. Има повеќе фактори кои предизвикуваат сушење на кожата, како гените, временските услови, начинот на третирање на кожата, одредени професии, некои лекови и т.н.

Што се однесува на временските услови, ладното време е најголем предизвикувач на сува кожа. Постојаното движење помеѓу ладни и топли простори (внатре и надвор) ја суши кожата повеќе отколку во летниот период.

Некои хемиски средства за чистење, козметичките препарати и честото миење на рацете се исто така причина за појава на испукана кожа. А, и некои лекови може да имаат несакани ефекти – сушење и пукање на кожата.

Што може да ви биде од помош при сува кожа?

Ако имате сува кожа која пука, прво што треба да направите е да го зголемите внесот на вода. Пијте најмалку 2 литри дневно и не дозволувајте си да дехидрирате. Избегнувајте допир со средства за чистење кои содржат хемикалии. Не користете козметички производи, како кремови за раце, а истите заменете ги со природни кремови на база на билки.

Внимавајте на исхраната. Намирници кои се препорачува да се консумираат што повеќе при сува кожа се:

  • јаткасти плодови
  • семиња
  • бобинкасто овошје
  • моркови
  • маслиново масло
  • спанаќ
  • авокадо
  • овес
  • јајца
  • чаеви
  • домати
  • цитрусно овошје
  • ленено масло
  • риба и морски плодови
  • брокула
  • краставици.

Наша препорака:

Ако страдате од испукана и сува кожа, користете додатоци на исхраната. Ние ги препорачуваме производите на Тримекс. И вие спаѓате во тие кои мака мачат да ја вратат убавината на кожата на рацете и стапалата? – Еве што ви е потребно:

Omega-3

Оmega-3 е есенцијална масна киселина неопходна за целокупното здравје и за растот и развојот низ сите фази на животот на човекот. Omega-3 од NOW е единствена молекуларно дестилирана, без холестерол и со гарантирано чисти износи на EPA и DHA масни киселини во нивната природна форма. Претставува природен концентрат на рибино масло произведен од цели сардини, сардели и скуши, со мулти-патентиран процес на производство.

Super Omega 3-6-9

Super Omega 3-6-9 е балансирана мешавина на 3 „добри масти” неопходни за многу функции на организмот. Во својот состав содржи и витамин Е. Super Omega 3-6-9 е идеална комбинација за поддршка на здрава кожа. Оваа комбинација на добро познати хранливи масла има уникатен баланс на Омега-3 и Омега-6 есенцијални масни киселини, плус Омега-9, неесенцијална, но корисна масна киселина.

DHA-500

NOW ® DHA-500 во својот состав има 500 mg DHA и 250 mg EPA по капсула. Примарниот концентрат на рибино масло кое се користи во оваа капсула е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Оние кои имаат гадење или рефлукс од други рибини масла, оваа ентерично-обложена и со контролиран мирис капсула е вистинскиот избор. Освен што ја штити кожата и го враќа нормалниот изглед, DHA-500 е корисна и за кардиоваскуларното и здравјето на мозокот.

Vitamin D-3

Витаминот Д го примаме преку кожата и тоа од сончевите зраци, а помалку од исхраната. Бидејќи има периоди кога изложеноста на сонце е намалена, може да настане недостаток на витамин Д. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула или маслен раствор. Витаминот Д-3 може да се сретне во вид на капсула од 1000 и 10 000 ИЕ и во вид на капки од 400 ИЕ.

DHA i Vitamin D-3

Споменатите производи може да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. Истите ги има и во поголемите аптеки низ земјата.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Симптоми на егзема и начини на третирање.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: