Во денешно време пазарот изобилува со многу намирници од различно потекло, па дилемата што да се избере е присутна кај секој. А кога станува збор за набавка на храна во летниот период треба да бидеме многу внимателни и да практикуваме избор од познати производители со долготајна традиција и квалитет. Мотивирани на оваа тема направиме кулинарско истражување кое ќе ви помогне и ќе ви го олесни изборот на свежо месо. Каква треба да биде бојата на свежото месо? Дали светлата или темната боја е знак за квалитет?
На што посветувате внимание при набавката на месо? Ја читате декларацијата, го забележувате рокот, предност им давате на домашните производители или имате проверена месарница од која купувате месо? Прочитајте ги нашите совети, надоградете го знаењето и станете експерт за набавка на свежо месо со врвен квалитет.

Прв и најважен чекор при набавката на месо е забележување на одредени карактеристики како боја, текстура, козистенција и мирис. Ова е основен тест со кој може да откриете дали месото е расипано, без оглед на рокот на траење кој е впишан на амбалажата на месото. Затоа добро е да ја знаете нормалната боја на месото.
Свежо свинско месо – што треба да се знае за бојата на парчето месо
Во совршени услови свежото свинското месо треба да има розево – сивкаста боја. Иако повеќето луѓе месото го поврзуваат со светло црвена боја, треба да знаете дека тоа не е неговата природна нијанса. Ваквата боја се добива како резултат на изложеноста на месото на воздух. Доколку месото е мелено и вакумирано, тоа треба да има виолетово – црвеникава боја. А додека потемната нијанса е показател дека месото потекнува од постаро животно, но не и дека е расипано.
Карактеристики и боја на пилешко месо
Месото од живина има од сино-бела па до жолтеникава боја. Кога набавувате пилешко месо, посветете внимание на деловите околу коските, тие не смеат да бидат темни, а градната коска треба да биде флексибилна.
Телешкото месо има црвеникава нијанса
Телешкото месо пак природно има црвеникава нијанса и поцврста текстура. Овој вид на месо треба да е прошаран со тенки, а не широки жили. Додека пак жолтите масни жили укажуваат на тоа дека животното од кое потекнува месото било постаро.
Наша препорака:
За да ви помогнеме при изборот на свежо свинско месо го споделуваме нашето искуство. При набавката на намирници секогаш се трудиме да избираме македонски производи со потврден квалитет. Имаме проверена месарница од каде набавуваме месо, а тоа е Агриа. Месото е со постојан квалитет, а тоа се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Посетете ги нивните продажни места ширум земјата или побарајте го нивното месо во Тинекс и Рамстор маркетите. Штом еднаш ќе го пробате месото од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! А имаме и супер вести. Агриа се дел од кампањата „Купувам домашно“, па картичките можете да ги користите во нивните месарници и скари на кило во Велес, Битола и Градско. Да ги поддржиме македонските компании кои имаат квалитетни производи!
Ви препорачуваме да прочитате: 3 совети како да станете експерт за избор на најдобро свежо месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.