Одржувањето на бели заби е постојан предизвик, особено ако сте пушач или љубител на кафе или вино. Наместо да трошите пари на разни средства за избелување на забите, направете природен избелувч од две состојки кој е вистинското нешто кое ќе ви помогне да имате убава насмевка, без дамки на забите.
Убавото лице треба да го краси убава насмевка. Здравите заби треба да ни бидат приоритет, затоа што се важен дел од нас и треба да ни служат долги години. Еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат многу луѓе е изгледот на забите. Исхраната, хигиената и пушењето предизвикуваат обојување или жолтеење на забите, а тоа во никој случај не изгледа привлечно. Доколку мечтаете да имате бели заби, направете го овој природен избелувач и освежете ја вашата насмевка.

Избелување на заби на природен начин со помош на јагоди
Како јагодите може да ви помогнат? Покрај тоа што се вкусни, јагодите содржат овошна киселина која делува како атстрингенс кој помага за да се отстранат дамките на забната глеѓ. Сода бикарбоната го отстранува плакот и ги полира забите, така што оваа комбинација од две состојки е правото решение за убава насмевка. Внимавајте да не го користите ова средство често или да го применувате долго, доволно е еднаш неделно по 2 минути да ги исчеткате забите со смесата од јагоди и сода бикарбона.
Состојки:
- 1 јагода
- ½ мала лажичка сода бикарбона.
Подготовка:
- Во мал сад згмечете ја јагодата со помош на виљушка, а потоа додајте ја сода бикарбоната. Добро измешајте ги за да се добие хомогена смеса.
- Со помош на четка земете од смесата и нежно тријте ги забите околу 2 минути. Исплакнете ја устата со вода, а ако е потребно користете конец за заби за да ги исчистите малите семки од јагодата.
- Потоа забите измијте ги со паста за заби и веднаш забележете го ефектот. Бели и чисти заби на природен начин!
Ви предлагаме да прочитате: 5 намирници кои се одлична храна за здрави заби.