Како да го одржите здравјето на стомакот за време на патување 1

Како да го одржите здравјето на стомакот за време на патување?

Не е тешко, само треба да се знае како. За време на патувањата е многу лесно да се заборави на зачувувањето на нормалниот ритам и баланс на дигестивниот систем, а и на целиот организам. Во брзањето да се „стигне“ авионот или било кој друг превоз, скоро без исклучок, сите посегнуваме по брза или пакувана храна. И тоа е во ред и не е чудно, но притоа не треба да заборавиме на некои основни препораки. Имајќи предвид дека секој од нас повремено се наоѓа во таква ситуација, истражувавме кои се најдобрите начини за справување со непријатностите во стомакот. Еве што откривме на темата како да го одржите здравјето на стомакот за време на патување.

Патувањата се прекрасни! Расположуваат и разведруваат, нѐ обновуваат внатрешно и надворешно, повторно нѐ поврзуваат со најблиските. Го богатат нашиот дух и нѐ едуцираат за навиките и начинот на живот во други краеви од светот. Даваат мотивација за да бидеме подобри во работата што секојдневно ја работиме, ја враќаат креативноста и желбата за лични, семејни и работни успеси. Патувајте секогаш кога имате прилика, низ нашата земја или откривајте нови места. A во меѓувреме, дознајте како најдобро да се справите со стомакот и да се заштитите од непосакувана дијареја или запек.

Како да го одржите здравјето на стомакот за време на патување 3

Трите клучни нешта за добра благосостојба при патување

Зачувувањето на благосостојбата на дигестивниот систем и одржувањето на нормалниот здрав ритам на стомакот за време на патувањето, може да значи гаранција за комфорен одмор.Надуеноста на стомакот и чувството на тежина за време на лет или долго возење, може да се избегне.“ – вели Robyn Youkilis, експерт за добро здравје и автор на книгата „Go With Your Gut“. Во неа таа зборува за важноста на три нешта: пробиотиците, исхраната и останувањето хидриран за време на патување.

Колкава е важноста на пробиотиците?

„Патувањето обично значи дека сме надвор од рутината, јадеме различни јадења и можеби во друго време, што води до неправилно варење или други непријатни дигестивни проблеми“ – кажува Youkilis. Освен тоа додава „Консумирањето на пробиотици може да ви помогне да останете во нормална состојба, дури и кога не се држите до секојдневниот распоред. Пробиотиците, исто така го засилуваат имуниот систем, а тоа е важно зашто телото се справува со непознати микроорганизми и бактерии. Самото ова, што е афектиран и имуниот систем, ризикот да заболите додека патувате е поголем.“

Да се постигне неудобност за време на патување е лесно. Често опциите за храна се ограничени, може да заборавиме да останеме доволно хидрирани, а стресот нѐ изостанува во целата ситуација. Пробиотиците се одлични за одржување на нормалното варење, посебно кога сме во движење. За да останете во нормална состојба, не заборавајте го овој факт. За тоа да го постигнете најлесно во туѓа земја или каде и да одите, носете со себе проверено квалитетни пробиотици.

Од пробитоците кои ги имаме кај нас, може да ги издвоиме Acidophilus 4×6. За дополнителна поддршка на имуниот систем го препорачуваме овој природен суплемент на најпродаваниот бренд NOW FOODS кој во себе содржи 6 корисни пробиотици меѓу кои и Lactobacillus acidophilus. Истата, создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетните цревни бактерии. Со создавањето на ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористување на хранливите материи (особено на млечните шеќери) и елиминација на отпадот од организмот.

Acidophilus 4×6 од Now Foods со 6 вида на пробиотици е создаден со природна ферментација. Содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата. Може да прочитате повеќе информации тука. А ако сакате да го купите, можете од од онлајн продавницата на Тримекс, од поголемите аптеки или на телефонот +389 (2) 32 46 000.

Како да го одржите здравјето на стомакот за време на патување 2

Планирајте ја исхраната

Во оваа насока, држете се до едноставноста, или тоа би било да јадете повеќе овошје и зеленчук. Ако не можете свежо, јадете суво овошје. Спакувајте си оброк во кој знаете што сте ставиле. Со тоа ќе се обезбедите при можно одложување на летот или потреба од чекање при патувањето и ќе немате изговор дека сега патувате и може да се опуштите и да јадете солена, процесирана и многу слатка храна.

Не заборавајте да останете хидрирани

Пијте доволно или многу вода! Делува очигледно, а иако е еден од најлесните совети, често го забораваме. Напијте се доволно вода пред да започне патувањето, а посебно ако летате на долги „стази“. Секогаш избирајте вода, а не други замени во вид на течност. Евентуално можете да пиете незасладен чај, посебно ако е хербален или природен сок.

Четврт и не помалку важен совет: Практикувајте „патувачка јога“

Или во пракса тоа значи, да се истегнете при патувањето или веднаш по пристигнувањето. Можеби не сте знаеле, но овој совет е и тоа како важен. Одржувањето на еластичноста и флексибилноста на телото, ги чува лигаментите и мускулите, а исто е важно за придвижувањето на работата во цревата и стомакот. Имајте подлога за јога секаде со себе.

Ви препорачуваме да прочитате: Стоп за патничката дијареја! Пробиотици за совршен летен одмор.

*Комерцијален текст

Сподели: