Како да го отстраните мирисот од лук на рацете

Овој период, мирисот на лук доминира во многу домови. Аромата која се шири низ кујната од вкусните јадења додека готвите, сигурно ви предизвикува поголем апетит и пријатно чувство. Но, мирисот кој останува на рацете по готвењето и не е баш толку пријатен, а некогаш е толку силен што иритира. Еве како најлесно може да го отстраните мирисот на лук на рацете.

Лукот има интензивен и иритирачки мирис кој најчесто трае многу подолго од готовиот оброк. Истиот знае да се задржи долго на рацете, а особено во делот околу ноктите.

Како да го отстраните мирисот од лук на рацете

Еве како да го отстраните мирисот од лук на рацете:

  • Рацете тријте ги со лажичка или друг прибор од нер’ѓосувачки челик под млаз ладна вода околу 1 минута. Се смета дека молекулите кои се одговорни за мирисот реагираат во допир со металот и се неутрализираат.
  • Кафето одлично ги неутрализира мирисите. Зрната кафе освен што се добри за природен пилинг, ќе ви помогнат и да го отстраните мирисот од рацете, по што кожата ќе остане негувана.
  • Истиот ефект го има и цитрусното овошје. Врз парче лимон ставете малку сол и истријте ги дланките. Но, бидете внимателни ако рацете ви се чувствителни или испукани. Во тој случај пробајте само со парче лимон.
  • Направете паста од вода и сода бикарбона и измијте ги рацете. Сода бикарбоната одлично ги неутрализира мирисите.
  • Пастата за заби ќе ви биде од голема помош. Кратко истријте ги рацете и ноктите, а потоа исплакнете.

Совети плус:

  • Кога миете раце користете ладна вода. Топлата вода ги отвора порите во кои се вовлекува непријатниот мирис.
  • Можете да користите и хируршки ракавици при готвењето, лупењето или при подготовка на зимницата.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 намирници кои го неутрализираат мирисот од лук после оброкот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: