шпагети

Како да зготвите совршени шпагети?

Шпагетите се многу популарни, поради нивниот вкус и пристапната цена. Не одземаат многу време за подготовка, а се приготвуваат на различни начини во комбинација со сосови. Но, пред да го направите вашиот омилен рецепт за шпагети, треба да знаете како правилно се приготвуваат тестенини.

Најдобрите совети за подготовка на шпагети ни ги дава светски познатиот италијански готвач Gennaro Contaldo.

Неговите препораки за подготовка на совршени шпагети се следните:

  1. Користете големо тенџере со многу вода. Gennaro препорачува дека за 100 грама шпагети е потребен 1 литар вода, а често пати ние користиме помало тенџере. Тоа значи дека за просечно пакување шпагети (400 до 500 грама) потребни се 4 до 5 литри вода. Ако тенџерето е премало или ако има малку вода во него, шпагетите ќе се залепат меѓу себе и нема да се сварат подеднакво.
  2. Ставете сол во водата откако ќе зоврие. Откако водата ќе зоврие ставете по 10 грама сол, на секои 3 литри. Солта ќе го подобри вкусот на шпагетите.
  3. Полека ставете ги шпагетите во зовриената вода. Внимателно ставете ги шпагетите во зовриената вода. Ако ги додадете тестенините во вода која ја нема достигнато точката на варење, скробот ќе започне да се раствора и тестенините ќе се залепат една со друга.
  4. Ставете капак врз тенџерето. Откако во тенџерето ќе ги додадете шпагетите, кратко време покријте го со капак. Штом водата ќе зоврие, капакот тргнете го од тенџерето.
  5. Мешајте често. За да не се залепат шпагетите на дното на тенџерето или пак една со друга, тестенините мешајте ги со долга метална лажици или со виљушка. И на крај, послужете ги со вашиот омилен сос.

Сподели: