Како да избегнете формирање на кора на пудинг 1

Како да избегнете формирање на кора на пудинг

Дали досега сте се запрашале како може да спречите формирање на кора на пудинг? Понекогаш е делува интересна и сакаме да ја вкусиме поради тоа, а има моменти кога е потполно непожелна, па еве како да се ослободите од неа. 

Како да избегнете формирање на кора на пудинг 2

Веруваме дека сигурно сте се запрашале, а ако сеуште не го знаете одговорот сега е вистинко време да го научите. Едноставниот и корисен совет ќе го прочитате во продолжение.

Откако пудингот е сварен и сте го ставиле во садот кој сте го избрале, за да избегнете формирање на кора на површината на пудингот, употребете најлонска фолија која се користи за повеќе намени во домаќинството. Фолијата ставете ја додека пудингот е топол и непосредно сервиран во чинијата. Она што треба да знаете при ваквата постапка е дека пудингот нема да има желирана, туку кремаста конзистенција.

Доколку пак сакате да добиете пудинг со одредена форма, односно да го извадите од садот во кој сте го сервирање, тогаш не го покривајте бидејќи нема да постигнете доволна цврстина и желатинозен изглед. Во ваков случај, само превртете го садот во кој бил пудингот и на тој начин формираната кора ќе дојде во основата, а изгледот на формата ќе биде соодветен.

Сподели: