Ретко кој има пробано, но освен што е интересно и можно е да се направат убави домашни корнети за сладолед! Тестото за корнети за прави многу брзо, а најдобро од се е што можете да си поигрувате со него и да го направите и во некој друг вкус кој вас ви е омилен и е различен од стандардниот.
Па, ако никогаш досега ви немаше паднато на памет да направите домашни корнети, треба да знаете дека може и не треба да пропуштате да го пробате тоа и самите. Еве го основниот рецепт.

Состојки:
- 2 јајца
- 65 гр шеќер
- 30 гр растопен путер
- 3 лажички млеко
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 45 гр брашно
- прстофат сол
- 3 лажички сончогледово масло.
Подготовка:
- Во поголем сад изматете ги јајцата со миксер.
- Додајте го путерот, млекото и ванилата.
- Постепено додавајте го и брашното, претходно измешано со солта, а мешајте со помош на лажица. Ако тестото ви дојде многу густо, додајте уште малку млеко.
- Загрејте мала тава на оган, па лесно премачкајте ја со масло.
- Додајте една мала црпалка од смесата во загреаната и намрсена тава и формирајте круг како за палачинка.
- Печете додека бојата стане златеста од двете страни. Тргнете го од оган и обликувајте корнет додека е уште топло.
- Оставете ги да се изладат и припремете се за сервирање.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 избрани рецепти за домашни сладоледи.