Време е за нов креативен потфат. Доколку ви се наближува детски роденден, а немате идеја како да ги декорирате масите, имаме супер предлог за вас. Направете свеќи мафини и тоа без силиконски калапи.
Постапката за изработка на свеќи во облик на мафини е прикажана на следново видео. На вас останува само да ја вклучите вашата кративност, да ја разбудите фантазијата и да и се препуштите на забавата. Крајниот резултат ќе ве воодушеви. Вака подготвените свеќи во вид на мафини ќе бидат понеодоливи, дури и од вистинските.

Потребни материјали:
- обични бели свеќи
- мрсни боици во разни бои
- чоколадни трошки и украси за мафини
- нож
- алатка за лупење компири
- хартиени корпи за мафини
- алуминиумска корпа за мафини
- мирисливо масло
- леплива трака
- запалка.
Начин на подготовка:
- Најпрво со помош на нож исечете ја белата свеќа и внимателно отстранете и го фитилот.
- Со нож издробете мал дел од мрсна боица со боја по ваша желба.
- Парчињата свеќа и мрсна боица ставете ги во длабок сад и растопете ги на пареа. Откако ќе се растопат состојките, додајте и неколку капки од мирисливото масло.
- Фитилот со помош на лепливата трака прицврстете го за хартиената корпа за мафини.
- Хартиената корпа за мафини ставете ја врз алуминиумската корпа.
- Со растопената свеќа наполнете ја хартиената корпа, при тоа внимавајте фитилот да биде на средина.
- Потоа, со помош на алатка за лупење компири издробете друга свеќа. Парчињата свеќа помешајте ги со парчиња дробена мрсна боица по ваша желба и повторно растопете ги на пареа.
- Растопената свеќа мешајте ја се додека почне да се здрвува. Со вака подготвената свеќа „филувајте го секој мафин“. Со помош на нож обликувајте ја во посакуваната форма.
- Фитилот поставете го на врвот на свеќата. Вишокот на конец пресечете го.
- Со запалка кратко растопете ја свеќата и посипете ја со украси за мафани во разни бои.
- На крај отстранете ги хартиените корпи и вашите декоративни свеќи во облик на мафини се готови.
- По желба може дополнително да ги украсите со мрсни боици со цел да добиете поавтентичен изглед на мафини. Видеото погледнете го тука.
Ви препорачуваме да прочитате: Направете сами есенска ароматична свеќа.