Ако му се допадне на Петар, ќе му се допадне на секој! Грашокот приготвен на овој начин ќе го одобри и познатиот сладок гурман, а веруваме и сите останати! Симпатичното дете кое ја насмеа цела Македонија ни беше инспирација за да подготвиме супер брз и кремаст грашок за сите генерации. Може да го послужите како гарнир или да го додадете во салата.
Ние често користиме замрзнат грашок, затоа што е целосно подготвен за употреба, не треба да се чисти, а со тоа заштетуваме многу време. Го додаваме во супи, тава со ориз, го користиме како гарнир, при подготвка на пржен ориз… А во оваа прилика споделуваме неколку трикови и брз рецепт со кој може да направите вкусен, кремаст грашок за помалку од 10 минути.

3 совети за подготовка на грашок
- Не додавајте сол во грашокот се додека тој не е подготвен за сервирање. Прераното солење може да го дехидрира грашокот, а со тоа ќе го изгуби неговиот сладок вкус.
- Додајте малку нане. Искинете неколку листови и ставете ги во садот со грашокот додека готвите. Нането го подобрува вкусот, па веруваме дека ќе ви се допадне.
- Најдобрите зачини кои го подобруваат вкусот на грашокот се сол и црн пипер.
Лесен и едноставен рецепт за подготовка на замрзнат грашок
Состојки:
- 450 г замрзнат грашок од Royal Veggies на Слога
- 3 лажици путер
- 1/2-1 лажичка шеќер
- 1-3 чешниња лук по вкус
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Во тава на оган ставете ги грашокот и путерот. Лукот ситно исечкајте го и додајте го во тавата. Ставете шеќер и гответе на средна температура додека путерот се растопи, околу 5-7 минути. Повремено мешајте.
- Потоа, тргнетете го садот од оган и исцедете ја течноста. Ставете сол и црн пипер по вкус и послужете го како гарнир или со салата по избор. На здравје!
Наша препорака:
Користењето замрзната храна заштедува време и овозможува да си подготвите брз оброк, што е од особена важност кога живееме во време кога премногу сме зафатени. Затоа, ви препорачуваме да го пробате замрзнатиот грашок од новите Royal Veggies производи на Слога. Royal Veggies е новата линија на производи на замрзнат зеленчук, достапна во сите подобро снабдени маркети. Се состои од седум нови пакувања од првокласни и внимателно одбрани видови на зеленчук. Освен замрзнат грашок, во новата палета на производи може да најдете и жолта боранија, брокула, пченка, златна мешавина, царска мешавина и руска салата. Посетете ги нивната Facebook фан страница и Instagram профил и разгледајте подетално кои производи ги нудат!

Ви препорачуваме да прочитате: Каква технологија стои зад процесот замрзната храна?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.