Како да препознаете воспалено слепо црево кај децата

Како да препознаете воспалено слепо црево кај децата

Кога е во прашање болката, често не можеме да се потпреме на зборовите на децата, па затоа ви претставуваме неколку насоки како да го препознаете воспланието на слепото црево кај децата.

Во најмногу случаи, децата се многу подложни на силата на сугестијата, па на прашањето дали ги боли главата, стомакот и грбот, потврдно ќе одговорат. Ова може да биде особено проблематично ако се работи за болки во стомакот предизвикани од воспалено слепо црево и затоа ќе ви помогнеме како со сигурност да утврдите за што станува збор.

Како да препознаете воспалено слепо црево кај децата

Воспалението на цревата настанува кога еден мал орган со големина на прст познат под името слепо црево ќе се закачи за тенкото црево, го блокира и тоа отекува. Ако не се отстрани воспалениот орган, може да пукне и да предизвика потешки инфекции, стерилитет кај женските деца, па дури и смрт.

Во случај на воспаление на слепото црево, најважно е да во што пократок рок го однесете детето во болница. Но, проблемот настанува затоа што во најголем број случаи, родителите не можат да препознаат обичен стомачен вирус од воспалено слепо црево кое само што не пукнало.

Класичните симптоми на воспалено слепо црево започнуваат со нејасни болки во пределот на папокот. Потоа следува мачнина, а болката се преместува кон долниот десен дел на стомакот. Не е тешко да се следи овој шаблон, но само 20% од родителите го следат не земајќи во предвид дека децата често не знаат да го одредат точното место на болката. Многу често се случува родителите на децата кои не знаат точно да ја локализираат болката да ги однесат малите на доктор веќе откако пукнало слепото црево.

На што да обрнете внимание ако сте загрижени?

  • отечен стомак
  • осетливи стомачни мускули
  • болка при допир на долниот десен дел на стомакот
  • мирно седење на детето за да не се влоши болката
  • невообичаено однесување на детето и жалење на болка во стомакот на неколку часа.

Останати знаци:

  • губење на апетит
  • повраќање и мачнина
  • зголемена температура
  • пролив
  • често мокрење.

Ако се сомневате дека вашето дете има воспаление на слепото црево, обратете се на лекар или брза помош, договорете се за преземање на следни чекори и избегнувајте да му давате храна на детето, пијалоци и лекови против болки додека не ви одобри лекарот. Слепото црево често пука по 24 до 72 часа од воспалението и најважно е да делувате на време.

Ако докторот предложи операција, имајте на ум дека овој зафат е технолошки усовршен и унапреден. Во најмногу случаи се одвива лапараскопски, што значи дека сечењето е многу мало и детето се опоратував по 2-3 дена. Ниту еден родител не сака да го гледа своето детете додека има болки и непријатности, но операцијата на слепото црево е минимално инванзивен зафат и опоравувањето е прилично лесно и брзо.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 природни методи кои помагаат при запек и констипација кај децата.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: