осип од топлина

Како да спречите осип од топлина кај бебињата и малите деца?

Кај малите деца во лето многу често се појавува осип кој е предизвикан од топлина. Може да се јави кај деца од сите возрасти, но сепак најизразен е кај бебињата. Дознајте како да спречите осип од топлина кај бебињата и малите деца!

Осипот предизвикан од топлина не може да го загрози здравјето на бебето, но ќе ви даде јасен знак дека на вашето дете му е претопло и дека треба да го раскомотите.Доколку на бебето му е премногу топло тоа може да го доведе до исцрпност и до топлотен удар. Некои истражувања докажаа дека доколку на детето му е премногу жешко во текот на ноќта тоа го зголемува ризикот од синдромот на ненадејна смрт кај новороденчето.

осип од топлина

Како да го спречите осипот?

  • За време на летните месеци бебето облекувајте го во удобни и памучни алишта.
  • На местата каде што бебето најмногу се поти може со четка за шминка да нанесете мала количина на пченкарен скроб кој ќе ја впие потта. Бебешката пудра не се препорачува да се користи во овие случаеви.
  • Избегнувајте да му облекувате пластични гаќички над пелените, бидејќи под нив бебешкото газе најмногу се поти.
  • Додека го држите бебето избегнувајте да носите крути ткаенини кои би можеле додатно да ја иритираат бебешката нежна кожа. Нека и вашата облека биде направена од природни материјали.
  • За време на многу топлите денови, не го вадете бебето надвор во периодот од 10-16 часот. Во тој период бебето треба да престојува во разладена и проветрена просторија. Во тие денови детето треба почесто да се дои за да не би дошло до дехидратација.
  • Доколку не сте сигурни дали вашето бебе има осип кој настанал како резултат на преголема топлина, најдобро е да се консултирате со педијатар. Овој осип најчесто исчезнува сам од себе после 2-3 дена и нема никакви пропратни симптоми. Затоа, доколку бебето добие температура, а осипот трае подолго, задолжително јавете се кај матичниот педијатар.

Ви препорачуваме да прочитате:  Како да препознаете осип кај бебињата предизвикан од топлина? 

Сподели: