ефикасно да ја исчистите кујнската даска за сечкање без хемикалии 1

Како ефикасно да ја исчистите кујнската даска за сечкање без хемикалии?

Сигурно и вие ја користите даската за сечкање секојдневно, но дали знаете како правилно да ја исчистите после нејзината употреба?  Иако сите ние најчесто ја миеме со детергент за садови, тоа не е пожелно. Детергентите содржат хемикалии кои потоа многу тешко може да се отстранат од дрвената површина. За таа цел, денес ви претставуваме еден ефикасен начин за чистење на кујнската даска за сечкање без хемикалии.

Општо е познато дека даските за сечење се извор на бактерии кои многу лесно може да се пренесат и на храната. Особено, доколку една иста даска се користи  за сечење на месо и на свежа храна. Затоа, од клучна важност е нејзината хигиена, бидејќи во спротивно може да дојде до сериозни труења со храна како резултат на вкрстена контаминција на намирниците кои се сечат на неа.

 ефикасно да ја исчистите кујнската даска за сечкање без хемикалии 2

Состојки:

  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 лажица сол
  • вода по потреба

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во длабок сад измешајте ги содата бикарбона, солта и водата така што ќе добиете густа паста.
  2. Густата паста нанесете ја на даската и оставете ја да дејствува околу 10 минути со цел да се разорат нечистотиите.
  3. Потоа, со помош на грубата страна од сунгерот за садови добро истријте ја даската.
  4. За крај, длабински измијте ја со топла вода и оставете ја да се исуши.

Совет плус:  Доколку вашата даска примила непријатни мириси откако на неа сте дробеле храна со специфичен мирис како лук, кромид и риба, најпрво темелно исчистете ја со помош на оваа паста, а потоа едноставно истријте ја со лимон пресечен на половина.

Ви препорачуваме да прочитате: Исчистете ја кујнската даска за сечкање без детергенти.

Сподели: